Реклама
Наши ѕвезди

Внуката на Јулија е вистинска убавица и многу личи на баба – ПОГЛЕДНЕТЕ ги фотките, ќе ви го одземе здивот (фото)

Реклама

Таа е жената која низ сите животни битки кои ги имаше излезе како победник со широка насмевк на лицето. А, животот воопшто не ја мазел.

Македонската водителка Јулија Мациевска уште на млади години остана вдовица. После големата трагедија таа одлучи животот да го посвети на својата ќерка Андријана и на внуката Стефанија.

Маркетинг

Секогаш насмеана, со позитивен поглед на животот, Јулија на социјалните мрежи споделуваше објави за битката на нејзината ќерка Андријана со канцерот.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Таа проговори за болеcта на нејзината ќерка, токму на денот на нејзиниот роденден.

Маркетинг

„И ова утро, сонце мајкино, почнува со помислата на тебе. Ќе го славиме твојот ден, твојот роденден, кој ти е дар од Бога. Денот кој ме потсеќа на мојот најголем подарок од Бога, кога првпат го слушнав твојот плач, кога првпат те здогледав и се одушевив од моето бебе.

Овој роденден се разликува од сите досега зашто си ставена на големо искушение, а и ние со тебе, сонце наше. Ни претстои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме, како и многупати досега. Ти, нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет, секог

аш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор. Ти, сонце мое, и, сега, кога ги трпиш најголемите болки, велиш – ќе биде добро, ќе помине, свесна, присебна, велиш – дури сега се соочив со стравот, дури сега го осеќам Божјото водство и знам дека ова е за мое најголемо добро.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Ќе се спријателам со кaнцepот и потоа ќе се поздравиме како најдобри пријатели и ќе продолжиме секој по својот пат. Љубов моја, нема да пишувам фермани, жалопојки, зашто доста пропативме, но да ти ветам нешто, малку е, ти знаеш, јас знам и те гледам како победник. Те сакаме со сето срце, јас и Стеф, напиша Јулија.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Андријана се бореше лавовски, па водителката убавата вест дека нејзината ќерка го победила канцерот ја сподели на социјалните мрежи.

„Денеска е ден за славење, осма, последна хeeмо терапија за Андријана. Поминавме одлично, сите со прекрасна енергија, што целиот процес се одвива успешно. Со нас е професионална екипа, сестрите Тијана и Жане, братот Мики и секако д-р. Нино Васев, со максимална посветеност направија да ни помине времето бррзо и лесно.
Тука е и нашата Пепи, најдобрата другарка на Андријана и мојата втора ќерка која не опсипа со најизната љубов и ни донесе подароци, прекрасни напишани пораки како што самата таа знае и умее, зошто има срце како планина. Благодариме од се срце, прекрасни луѓе.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Вашата мислија во нашите животи е многу важнаи ни помогнавте да го пребродиме најтешкиот дел од нашите животи.Бидете благословени од Бога со убавини за вашата благодарна мисија. Благодарам Господи за милоста твоја вечна и непресушена. Слава и фала Боже мои“, стои во објавата на социјалните мрежи.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Освен Јулија, покрај Андријана во тешката битка беше и нејзината ќерка Стефанија.
Стефанија е исклучително талентирана и убава девојка. Се чини дека убавината во нивното семејство е наследна. Сите три изгледаат неверојатно.

Јулија често знае да сподели и емотивни пораки посветени на Стефанија.
По повод нејзиниот роденден таа напиша честитка со која ги разнежни своите фанови.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

-Пред 21 година, на 24 мај , на Св. Кирил и Методиј се роди нашето сонце, нашата принцеза Стефанија, која со своето доаѓање на свет ни го промени животот. Внесе светлина, радост, љубов, внесе живот во нашите животи. Внесе предизник на кој се радуваме, од кој учиме, се надеваме, веруваме. Понекогаш и по малку се караме, ха ха, но и тоа е за наше заедничко најголемо добро, зашто така растат децата и ние со нив, напиша Јулија инспирирана од љубовта кон внуката.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Стефанија е актерка и Јулија и нејзината ќерка се многу горди на неа.

Јулија неодамна објави фотографииаод внуката на театарска сцена. Како поддршка во публика бе Јулија и Андријана. Тоа воедно беше и првото излегување на Андријана од дома по шест месеци.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

„Ова ли е нашето девојче од сцената? На сцена енергична,моќна, вистинска ѕвезда…Инаку за нас, нашето девојче Стеф, нежно, едноставно, без шминка, природна…

Вечерва уживавме со Андријана гледајќи ја нашата звездичка Стефанија. Ова беше и прво излегување на Андријана, после 6 месеци. Беше волшебно чувство со моите две принцези. Фала Му на Бога.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Таа зборува на турски јазик и студира на турски јазик на ФДУ, во класата на професорот Елyеса Касо. Инаку таа го научи турскиот јазик, синхронизирајќи турски серии, уште од малечка, за ТВ СИТЕЛ. Првин синхронизираше детски ликови, па како растеше добиваше сè посериозни ликови на девојки.

Така таа го засака турскиот јазик, а можам да кажам дека е полиглота за јазици. Одлично зборува англиски, италијански, турски и секако нашите балкански јазици.

На факултетот се посвети со многу љубов, а јазикот сака да го совладува до совршенство.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Таа имаше голема желба да студира странски јазик и е вистински пример како соништата стануваат реалност. Студира на факултет кој го сака, на јазик кој го сака.

Фала му на Бога, секој ја нема таа срежа. Но, Стефанија имаше целосна поддршка од наша страна, бидејќи ние сме семејство без предрасуди и го почитуваме правото на избор“, напиша Јулија.

ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска /

[caption id="" align="alignnone" width="1511"] ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button