Нега и здравје

Внимателно: Најопасните бактерии се наоѓаат во тушот

Advertisement

Истражувачи открија дека во тушот се наоѓаат микобактерии кои можат да предизвикаат проблеми со белите дробови.

Истражувањето е направено во 656 домаќинства во Европа и во Америка, а пронајдена е споменатата микобактерија. Овој ситен микроорганизам често се наоѓа во главата на тушевите.

Advertisement

Симптомите на инфекција на белите дробови од оваа бактерија вклучуваат хронична или повторувачка кашлица, губење на тежината, температура и губење на енергија.

Тоа што ги изненадило научниците е што металните тушеви содржеле повеќе микробактерии од пластичните.

„Доволно е да дишете под тушот, а бактериите преку вдишувањето би можеле да навлезат во белите дробови“, објаснува д-р Барбара Кебер.

Advertisement

Притисокот и топлината на водата во тушот го прават идеален за експлозија на бактерии. Но, според д-р Кербер, не треба премногу да се возбудувате бидејќи шансите да добиете воспаление на белите дробови поради оваа бактерија не се толку големи. Факт е дека повеќето луѓе веројатно нема да се разболат од микробактериите во тушевите, но постои чувствителен дел од популацијата кој мора да биде повнимателен.

„Луѓето со послаб имунитет имаат поголем ризик за инфекција“, вели Лен Хоровиц, специјалист за белодробни заболувања.

Превентивни мерки што може да се преземат е редовно чистење на тушот (може да го потопите во алкохолен оцет и вода) и замена кога е тоа потребно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button