Вести

ВНИМАВАЈТЕ НА СМС ИЗМАМА – Македонка остана без 850 евра

Advertisement

Пристигнува СМС порака дека имате пратка која подлежи на царина и откако ќе платите 2 евра Македонски пошти ќе ви ја испрати повторно.

Оваа порака стотици граѓани ја добија за време на празниците, а наместо две евра, сајбер измамниците ги празнеа банкарските сметки на македонските граѓани по 500 или 600 евра. Оние кои побрзо реагирале ги блокирале нивните сметки, па наместо празна сметка имаа блокирана.

Advertisement

Голем број граѓани подлегнаа на измамата, бидејќи речиси секој втор македонец нарачува преку интернет, а сајбер измамниците ги одбираат токму празниците кога и банките не работат па потешко се добива техничка поддршка.

Префиксот на бројот од кој се испраќа пораката е +33 кој е повикувачки број за Франција.

Од МВР го известиле ОЈО за случајот.

Имаме добиено пријави за овој случај и во врска со тое е испратено известување до ОЈО односно се преземаат мерки за расчистување на случајот. Покрај тоа постојано апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви измами, односно никако да не ги испраќаат своите лични податоци преку интернет, велат од МВР.

Речиси сите банки испратија соопштенија за нивните корисници доколку ги внеле податоците и нивните трансакциски сметки, веднаш да ги блокираат картичките и да се јават на нивните контакт центри.

Една госпоѓа на социјалните мрежи сподели дека од сметката ѝ биле одземени 850 евра.

„Ако добиете ваква порака од Пошта за плаќање данок никако не плаќајте. Ми собраа 850 (100, 250, 250, 250) евра додека чекав да се слушнам со Банката за да блокираат и да поднесат за рекламација“, објави таа на Фејсбук.

Други граѓани на социјалните мрежи сведочат дека им биле одземени по 500-600 евра. Многумина од нив чекале нарачки преку Али експрес и поверувале во пораката која гласела дека треба да уплатат царина за да ја добијат нивната нарачка. Пораката овојпат е испраќана од број од Франција.

Стотици граѓани во Македонија деновиве добиле СМС порака која е наводно испратена од Пошта за повторна испорака и нарачка што подлежи на царина. Линкот од пораката ве води до место каде што ви бараат да ги оставите вашите лични податоци како име, презиме и број на трансакциската сметка од каде измамниците ќе ви одземат пари.

Внимавајте, ако добиете ваква или слична порака, дури и ако чекате пратка од странство, не го отворајте линкот и веднаш блокирајте го телефонскиот број.

Подолго време во континуитет граѓаните добиваат лажни пораки за пратки од странство во кои се бара да променат адреса а во спротивно пратките ќе бидат вратени или дека пратката подлежи на царина од 1,99 евра.

Лани од „АД „Пошта на Северна Македонија“ објавија дека не стојат зад овие објави и дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button