Внимавајте кружи нова телефонска измама, ако ви се јави некој од овој број – не кревајте, и македонски корисници наседнаа на повикот
Ако ноќеска во ниедно време ви заѕвони телефонот и на екранот се покаже овој број +216 25981 705, не кревајте за да одговорите на повикот.
Имено, корисници од Македонија се жалат преку социјалните мрежи, дека кога го добиле овој повик, се јавиле, а финтата е во тоа што ако се јавите повратно, ќе ви наплатата голема сметка.
Полицијата кај таквите случаи главно е немоќна, и најдобро е овој повик да се пријави кај мобилниот оператор кој може врз основа на пријава на корисникот тој број да го блокираат.
И претходно, многу наши сограѓании беа жртви на слична телефонска измама, од броеви со непознато потекло.
Најновата телефонска измама што зема замав низ Европа и на Балканот е наречена „Лажен повик“. Телефонот на корисникот ќе заѕвони, но толку кратко што немате време да кренете слушалка. Граѓаните за да дознаат кој ги барал ќе свртат на тој број, а измамниците ја пренасочуваат врската кон таканаречените премиум-повици, со кои за една секунда дебело ви се качува сметката. Тој што го свртел бројот нема воопшто да биде известен за тоа.
Кога број од типот 66***22 се појавува како пропуштен повик на телефонот на корисникот, станува збор за вангири спам-повици и притоа се ранливи постпејд корисниците чија сметка буквално се зголемува со секоја секунда помината на линија по вртењето на овој или сличен број.
Станува збор за повици од африкански земји како Тунис, Гвинеја или Брегот на Слоновата коска.