Внимавајте: Епидемиолог предупредува – овие две групи се најранливи на коронавирус
Научникот Игор Рудан објасни поради што не се согласува со податоците на Светската здравствена организација за стапката на смртност од новиот коронавирус.
Тој се огласи на Фејсбук:
„Прашањето врзано за епидемијата од новиот коронавирус и болеста КОВИД-19, кое ја покажа целата длабочина на неразбирањето на епидемиолошката струка во јавноста и во медиумите, е прашањето: колку всушност е смртоносен новиот коронавирус, како и колку е полош од грипот?
Од самиот почеток на оваа пандемија има луѓе кои тврдат дека новиот коронавирус е болест која е поблага и помалку опасна од грип, но има и од оние кои тврдат дека е значително поопасен од грипот. Некои медиуми, во своето потполно неразбирање на ова прашање, почнаа да објавуваат дека новиот коронавирус е „дури 20 или 30 пати посмртоносен“ од вирусот на групот.
Денеска ова прашање експлодираше и во светските медиуми, зошто СЗО објави дека „околу 3,4 % од заразените починале“. Тоа во медиумите и на јавноста и звучи застрашувачки, иако јас во емисијата „Во недела во 2“ се обидов да објаснам зошто тоа се уште не е застрашувачко, како и зошто ниту бројката 7 % не би требала да биде застрашувачка за сите нас, како и зошто ни таквата стапка не би предизвикала значително повеќе смрт отколку грипот. Оваа објавена стапка е двојно помала од7% што значи, дури и дека е добра вест.
Денеска јавно се огласи и претседателот на САД Доналд Трамп, кој рече дека бројот кој го објави СЗО е „погрешен“. Рече дека разговарал со луѓе кои знаат нешто за тоа и дека таа бројка секако е под 1 %, ако не и значително помала.
Гледате како животот е непредвидлив – денеска сум јавно обединет со мислењето на Трамп, а навидум против СЗО. Иако само навидум, зошто ќе видите дека Трамп и СЗО се во право, секој на свој начин.
Иако многу од овие размислувања ги чував за свето интервју во недела за Ненад Јариќ Дауенхауер, развојот на настаните во светот ме тера некои делови од своето интервју забрзано да ги објавам тука, во кратки црти. Значи, најпрво треба да знаете дека во почетоците на секоја вирусна епидемија, вирусот се уште се мачи да им скокне на луѓето, па ќе ги бира оние со послаб имунолошки состав, кои потешко ќе можат да го отфрлат. Поради тоа првите пациенти неретко се луѓе кои се или постари, или веќе имаат некои болести кои ги прават поранливи. Тие завршуваат во болница, каде во тој момент никој не се сомнева во епидемискиот потенцијал на нивното воспаление на белите дробови.
Потоа од нив се заразуваат другите болнички пациенти, а и некои здравствени работници. Овие потоа болеста ја шират на останатите пациенти – многу чувствителни луѓе, постари, болни кои се лекуваат од тешки болести.
Имено, потврдено е дека само заболеле од коронавирусот оние кои на крајот морале да дојдат во болница и таму да бидат тестирани.
Тие по ништо не се репрезентативни и нивната стапка на смртност не може да се преслика, дури и на популација на ВКУПНО заразените од коронавирусот во Вухан, ниту на целокупната популација на Вухан – т.е. заразените и незаразените. Поради тоа, потполно погрешно е да се гледа на интернет бројот на заразените и бројот на умрените, па да се дели тој број со потврдено заразените и да се извлекува од тоа такви заклучоци.
Дури и смртноста во бројките е погрешна, зошто ако ги следите потврдено заразените и умрените во „реално време“, т.е. од ден во ден, се разбира дека многу од заразените воопшто немале шанса да оздрават или пак да умрат. Луѓе на интензивна нега ќе умираат уште со денови, можеби и месеци, па поради тоа бројот на умрени во бројки со тек на време ќе се зголемуваат на оној број на заразени кои до ден денес веќе го имаме. Со тоа вашата стапка на смртност “почината спрема потврдено заразени“, нема да биде повеќе од 2 % или 3%, туку може со тек на време да расте, можеби и на 7 %. Поради тоа да се каже дека „3% или 4% од досега потврдено заразените починале, всушност не е погрешно само посебе, а тоа го направи СЗО.
Затоа во емисијата „Во недела во 2“ веќе објаснив дека стапката на смртност меѓу потврдено заразените не е толку важна, туку би требало да се знае стапката на смртност меѓу вкупно заразените. Неа, меѓутоа, никој во моментов не може да ја знае, зошто за тоа би да се спроведе тестирање меѓу случајно избрани најмалку 10.000 или уште подобро 100.000 жители на Вухан.
Првата причина поради која овој вирус зафаќа претежно постари жители, па таа стапка, кога би ја знаеле – а во моментов никој не може да ја знае – може да се проектира на постариот дел од жителите, но не и на помладите и децата, зошто нивните стапки се значително помали.
Втората причина е што нема сите да се заразат. Вирусот нема да успее да не зарази сите поради нашата географска распрсканост во многу помали места и населби, а во голем број ќе бидат и оние места во кои никогаш нема да влезе никој кој е заразен. Дополнително за тоа ќе придонесат и противепидемиските мерки и изолацијата на заболените.
Потоа, како што луѓето ќе се заразуваат и оздравуваат, ќе се стекнува и имунитетот на вирусот, па вирусот ќе има се помалку луѓе на кои ќе може да скокне. Со тоа, во некој момент бројот на новите лица кои секој заразен ќе може понатаму да ги заразува ќе падне просечно на помалку од 1, па епидемијата сама по себе ќе се ограничи и ќе запре. Многу процеси во природата се само – органичуваат на сличен начин – и шумските пожари, и падот на берзите, и епидемиите.
Но, најважна позитивна работа на која сите се надеваме е дека коронавирусот ќе биде сезонски вирус, како и неговите роднини, па ќе исчезне со топлото време и промените во природата кои носат доцна пролет и лето, па со нив ќе исчезнат и настинките, кои коронавирусот исто така ги предизвикуваат.