Реклама
Хороскоп

Внимавајте, во период на ретрограден Меркур сме, може скапо да ве чини – еве до кога трае и како најдобро да му се тргнете од патот

Реклама

„Како да го преживеете ретроградниот Меркур?“ „Внимавајте, ретроградниот Меркур носи стрес и нервоза“, „Виновен е ретроградниот Меркур“, овие наслови сигурно досега милион пати сте ги прочитале, а голема веројатност е и некој од вашата околина да ви кажал нешто слично.

Астролошкиот поим ретрограден Меркир во последните неколку години влезе во мејнстримот и за него зборува секој. Во главно се користи како оправдување или причина за нешто лошо. А Маркур и во овој мемент е ретрограден – од 17 ноември до 6 декември, и тоа оваа година му е трет пат.

Маркетинг

Но дали треба да се подига толку фама за една планета?

Меркур е планета која се поврзува со учење, комуникација, пишување, логика, патување… А кога Меркур е ретрограден, односно кога (ни се причинува) дека се движи наназад, сите тие аспекти стануваат понеповолни, како сé да се свртило наопаку. Значи исти се проблемите во комуникација со другите, доаѓа до недоразбирања. Можете да потпишете договор кој подоцна ќе ви штети бидејќи не сте ги проучиле добро некои делови од договорот и сл. Ќе се расипува и техниката, затоа најдобро е да избегнувате патувања и носење на било какви одлуки, велат астролозите.

Маркетинг

Но и покрај тоа што се зборува само за Меркур, и другите планети можат да бидат ретроградни. Но поради Венера никому нема да му доцни авионот и возот, или да му се расипе мобилниот. Всушност ретроградниот Меркур е одличен изговор за доцнење и недостаток во организација, или да не се обвинувате доколку ви пропадне врската – особено затоа што тој период се повторува од три до четири пати во една година.

Имено, не треба да кривите само една планета што добро не сте го прочитале договорот или што пет пати го одложивме алармот па задоцнивме на работа.

Едноставно ОК е, хороскопот е добар како разонода, можеби малку како и кураж да се одлучите да направите некои работи, но не заборавајте дека ѕвездите и планетите не управуваат потполно со вас. Треба да имате слободно волја, а астрологијата да ја гледате само како календар. Исто така оние што се родени за време на ретрограден Мерку, таквиот период им одговара, па затоа најдобро е работите да не ги гледате само црно-бело.

Можеби наместо да читаме хороскоп, треба подобро да го прочитаме договорот и новите работи да не ги започнуваме во брзање, како слепи. Ако имаме контрола над себе и внимаваме што правиме, комуницираме како нормални, ретроградниот Меркур сигурно нема да ни наштети.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button