Влегол пијан во погрешен стан и водел љубов со сосетката – мислела дека спие со сопругот, на крај ѝ го истепале
Необичниот судски случај против мажот кој спиеше со погрешна жена ги зачуди и судиите
Неверојатна случка се случила во еден град во Германија
Марко С. откако испил малку повеќе отишол да ја посети својата пријателка, но влегол во погрешен стан и имал однос со туѓа жена.
Тие грешката ја сфатиле дури откако Марко почнал да ја вика со друго име, а на крај доби и ќотек од сопругот на непознатата жена.
Неверојатниот настан се случил во Германија, во градот Вирцбург (Баварска), во месец мај минатата година.
Марко бил излезен со пријателите кога неговата пријателка преку СМС порака го поканила да преспие кај неа во станот.
Како што пишува Феникс, а пренесе 24сата.хр, пријателката му понудила и секси, па Марко откако испил неколку пијачки, заминал кај неа.
Марко има 48 години, а неговата пријателка Сандра со која одвреме-навреме биле интимни, живее во Вирцбург и има 62 години.
Таа му испратила порака преку СМС на која пишувало:
„Клучот ти е над сандачето, дојди кога сакаш“.
Марко откако испил троа пијачки повеќе, тргнал кон својата пријателка со 1.8 промили алкохол во крвта.
Но наместо кај Сандра, тој влегол во погрешен стан и на крај завршил во креветот на нејзината 33 годишна сосетка.
Бидејќи било веќе доцна, светлата биле исклучени, така што жената која во тој момент лежела во креветот во спалната соба мислела дека си дошол нејзиниот сопруг.
Тие спиеле заедно – тој мислел дека е во креветот на својата пријателка, а таа дека тој е нејзиниот сопруг.
Грешката и двајцата ја воочиле предоцна – дури откако тој почнал да ја вика „Сандра“, по што настанало хаос во станот.
Стоеше гол над мене, тоа беше кошмар
„Веднаш го турнав од мене и го запалив светлото. Стоеше гол пред мене. Тоа беше мојот најголем кошмар“, изјави жената на судењето, пишува германскиот „Билд“.
Таа потоа вриснала и побарала помош, по што дошол нејзиниот сопруг и го претепал човекот со помош на своите пријатели.
Необичниот судски случај против мажот кој спиеше со погрешна жена ги зачуди и судиите и тој беше сопрен на судот во понеделникот.
Марко ќе мора да плати 2400 евра оштета иако и тој е жртва во целата приказна бидејќи беше претепан од сопругот на жената со која спиел и од неговите пријатели.