Реклама
Вирално

Власта во Италија ги укинува мерките, а опасноста штотуку доаѓа? Коронавирусот се уште е во првата фаза од епидемијата, предупредуваат експертите

Реклама

Експертите предупредуваат дека Италија се уште е во првата фаза на епидемијата

Бројот на заразени од новиот корона вирус во Италија малку е зголемен во однос на претходните денови, но се намалува бројот на пациенти кои се на интензивна нега, додека бројот на нови позитивни случаи е стабилен во последните неколку дена. Вкупниот број заразени или болни во Италија веќе достигна преку 103.616, а бројот на жртви надмина 20.000.

Џани Река, директор на Одделот за заразни болести на Вишиот институт за здравство (ИЗЗ), вели дека Италија се уште е во првата фаза на епидемијата, дека во мај нема да дојде до нулта инфекција, и покрај позитивните знаци, но и дека бројот на жртви е сè уште голем.

Маркетинг

Тој исто така објасни како треба да се толкуваат најновите бројки за заразените лица:

„Времето што изминува помеѓу моментот на инфекција и моментот кога ќе ги објавиме информациите понекогаш може да трае и до 20 дена. Значи, ако прочитате дека денес има 300 нови инфекции, тоа се оние што се заразиле пред 20 дена“ – вели тој.

Од денес во некои италијански региони ќе се отворат книжарници, продавници за облека за деца и бебиња, зелени пазари, започнати се шумските активности, дрвната индустрија и производството на компјутери. Ова е прво ублажување на мерките по карантинот што траеше 45 дена.

Маркетинг

Дозволена е и физичка активност на отворено, но мора да се носат заштитни маски или средства за дезинфекција.

Во помалите продавници, до 40 метри квадратни со присуство до двајца продавачи, може да влезе по едно по лице.

Средствата за чистење раце мора да бидат при рака за употреба пред касите пред да се внесе ПИН-от.

Зошто коронавирусот ги коси токму Италијанците?

Тешката епидемиолошка ситуација во Италија може да биде поврзана со ослабениот имунитет на локалното население поради претераната употреба на антибиотици, тврди познатиот руски генетичар Поспелов.

Според него, Италијанците пречесто пијат антибиотици, не само во текот на лекувањето на бактериските инфекции, туку и за акутните респираторни вирусни инфекции.

„Популацијата всушност пиела зголемена доза на антибиотици, што негативно влијае на стабилноста на имунолошкиот систем“, рече Поспелов.

Тој додаде дека антибиотиците негативно влијаат на цревната микрофлора, каде се концентрирани до 70 отсто од имуномодулаторните ќелии.

И Иван Козлов, потпретседател на Руското научно друштво на имунолози вели дека со прекумерното земање антибиотици, „дури и оние најбаналните“, имунулошкиот систем кај пациентите практично се исклучува.

„Како резултат на тоа, ослабениот имунитет создава услови за инвазија на патогени миркроорганизми“, рече Козлов.

„Како што пациентот преминува во постара возраст од животот, се намалува неговата способност за реакција на новите патогени кои ни доаѓаат. После 70 години не се препорачува драстично менување на климата, климатските зони, воопшто позадината на антигените“, вели тој.

Според неговите зборови, големиот број жртви и заразени во Италија поради него е „скриена потврда“ за слабиот имунитет на жителите на Апенините. Козлов објаснува дека со годините телото го намалува бројот на „неодлучни ќелии“ од имунолошкиот систем кои можат да развијат антитела на новите вируси.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button