Реклама
Холивуд

Владимир Путин најави дека ќе се жени – оваа убавица би можело да биде првата дама на Русија

Реклама

Неочекувано прашање за рускиот претседател

Имено, на големата прес-конференција, рускиот претседател Владимир Путин одговори на голем број прашања, а едно од нив го затекна по малку неспремен. “Кога планирате да се ожените и со кој?” му го постави ова прашање на путин новинарот од таблоидниот магазин „Life News“.

Маркетинг

Путин се насмевна на прашањето и одговори:

„Како и секое пристојно лице, ќе морам да го сторам тоа, порано или подоцна”.

Маркетинг

Иако не откри која дама ќе биде неговата идна сопруга, медиумите претпоставуваат дека во прашање е неговата наводно долгогодишна љубовница Алина Кабаева. „Дејли мејл” пишуваше дека многумина претпоставувале дека самата Кабаева наместила јавно да му го постават ова прашање со цел да го охрабри да се ожени со неа.

Веќе десет години, постојат гласини дека Путин и Алина се љубовници, а таа од 2008 година во јавноста не се појавила со друг маж. Во неколку наврати била забележана со прстен на нејзината рака, но никогаш не било официјално потврдено дали е Алина е првата дама на Русија.

Во септември минатата година почнаа шпекулациите дека се венчале, но постојат и трачеви дека имаат деца.

Во 2014 година, Путин се разведе од својата жена Људмила.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button