Вирално

Владе (63) од Лакавица цели две недели ништо нема јадено – ПЛАЧЕ ПРЕД КАМЕРИТЕ, НЕМА КОЈ ДА МУ ПОМОГНЕ

Му го одзеле телефонот и не можел да се јави на никого

Advertisement

Од ден на ден сé повеќе луѓе во Македонија се соочуваат со немаштија, но и не се во можност да живеат пристоен живот.

Впрочем за тоа зборуваат и бројните видеа за сиромашни семејства што ги објавуваат нашите медиуми.

Advertisement

Едно такво трогателно видео деновиве објави штипската телевизија ТВ Стар во кое се зборува за 63 годишниот Владе Маџовски, од штипското село Лакавица, кој цели две недели не јадел ништо.

Како што се вели во прилогот, Владе е речиси неподвижен, со три мозочни удари и е во тешка здравствена состојба.

Advertisement
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, ТВ Стар

Ограбен и две недели гладен

На болниот крадците му го украле мобилниот телефон и тој не можел да се јави на најблиските за да му помогнат.

Тој сега е во домот на неговата сестра која се грижи за него, но како што самата вели, таа нема услови тоа да го прави долго..

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, ТВ Стар

Од овие причини таа бара помош од институциите за негово згрижување, бидејќи тој самиот за себе не може да се грижи.

Повеќе за овој болен човек погоден од животното беспаќе и оставен да живее сам како инвалид, погледнете во продолжение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button