Реклама
Вирално

Вкупно 26 пациенти: Три нови случаи позитивни на коронавирусот во земјава

Реклама

Денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата е 26 пациенти.

 

Маркетинг

-Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите се 3-ца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контрони тестови кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.Министерот за надворешни работи Никола Димтров упати апел до граѓаните да не патуваат

– Невообичаено е еден министер за надворешни работи да апелира да не се патува, но такви се состојбите. Мораме за ова да апелираме. Денеска на унгарско-српската граница околу 200 македонски граѓани беа заглавени и по комуникацијата со Романија и Бугарија, очекуваме утре наутро тие да се појават на македонскиот граничен премин Деве Баир. Ве молам немојте да патувате, повика министерот.

Маркетинг

Мерките за борба против ширењето на вирусот понекогаш можат да бидат ефективни доколку се применуваат многу доследно. Пример е САРС, кој е потиснат од екстремно интензивни интервенции за јавно здравје во Кина, Тајланд, Виетнам, Канада и на други места. Овие мерки вклучуваат што честопати се повторуваше во последниве денови: откривање и изолирање на пациенти, карантин, забрана за разни собири, миење раце и сл.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button