Оваа жена го украде шоуто на кралската венчавка
Во прашање е Кити Спенсер (27), внуката на починатата принцеза Дајана за која велат дека има нешто во неа со кое што ги плени погледите и освојува на прв поглед како и нејзината тетка. Таа е позната менакенка и на кралската венчавка се појави во прекрасна тоалета од Долче и Габана за која се уште сите зборуваат и совршен шешир со етикета од Филип Трејси, но она што исто така одигра важна улога во нејзиниот изглед беше и преубавата шминка.
Имено, за изгледот на лицето на оваа убава русокоса манекенка се погрижи познатата шминкерка Сара Џејн Ваи. Таа за да го постигне овој преубав изглед на Кити користеше 18 производи за кои треба да издвоите преку 500 фунти.
https://www.instagram.com/p/Bi__t0gAgC8/?taken-by=kitty.spencer