Пејачката и водителка Сузана Манчиќ, важи за една од најубавите и најзгодни жени на овие простори.
И покрај тоа што ја гази седмата деенија од животот, Сузана може да се пофали со витка става и младолик изглед.
ФОТО: Инстаграм / Сузана Манчиќ
Освен на естетските корекции сето тоа се должи на долгогодишната континуирана нега и внимавање на здравјето.
Многупати за медиумите Сузана има изјавено дека е голем гурман, но кога сака да намали некој килограм води сметка за тоа што го јаде.
ФОТО: Инстаграм / Сузана Манчиќ
Кулинарските вештини ги совладала уште во раната младост, благодарение на нејзината мајка Вера која била врвна готвачка.
Кога е на диета го подготвува ова јадење за ручек.
ФОТО: Инстаграм / Сузана Манчиќ
Потребни ви се само 4 вида зеленчук и идеално е за домаќинките кои немаат многу време.
„Ви требаат тиквички, домат, лук и целер. Сите намирнии исецкајте ги и ставете ги во тенџере, а потоа прелијте ги со вода и зачинете по желба. После еден час ќе имате вкусен оброк“ рекла Сузана и додала:
„Не е луто, не е тешко, се јаде со лажица, а може да се јаде и студено“.