Ви го претставуваме најдобриот манекен меѓу пејачите во Македонија
Не сте го виделе во вакво издание

Пејачот им ги мами воздишките на жените на интернет
Пејачот Александар Тарабунов по спотот за песната „Бескрајно убава“ објави и неколку фотографии на кои изгледа како манекен.
Песната го носи насловот „Бескрајно убава“, а во спотот во главната женска улога се појавува прекрасната Јована Спиркоска.
Музиката, аранжманот и продукцијата се на Тарабунов, додека текстот и спотот на Зоран Зонде Стојановски.
Фото: Инстаграм/ Александар Тарабунов (Зонде.фото)
По објавата на спотот, Тарабунов објави и неколку фотографии со кои привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Александар Тарабунов (Зонде.фото)
Тоа посебно важи за припадничките на понежниот пол, а многу од нив коментираа дека изгледа како во реклама.
Фото: Инстаграм/ Александар Тарабунов (Зонде.фото)
Па, погледнете како нашиот познат пејач се снајде во улога на манекен и зошто сите зборуваат за овие негови фотки.
Фото: Инстаграм/ Александар Тарабунов (Зонде.фото)
Погледнете ги и останатите фотографии, но и најновиот спот на Тара снимен низ улиците на нашата метропола.
Фото: Инстаграм/ Александар Тарабунов (Зонде.фото)
Инаку, Тара на 4-ти јули ја изведе македонската химна на прославата во Американската амбасада по повод Денот на независноста.
На настанот традиционално се изведуваат американската и македонската химна, и истиот се пренесуваше во живо преку Фејсбук.
„И во сон да го прашаш, ќе го знае текстот!“ напиша тогаш неговата сестра Христина Тарабунова под видеото од неговиот настап.
Фото: Инстаграм/ Александар Тарабунов
Христина со ова алудираше на незгодата што ја доживеа колешката на Тарабунов, Тамара Тодевска, која пред четири години, на истиот настан, испушти неколку стихови од химната и го предизвика гневот на јавноста. Таа потоа се извини и посочи дека се случила ненамерна грешка, но нејзиното извинување не наиде на разбирање кај поголемиот дел од јавноста, така што и денес многумина и замеруваат за овој гаф.
Фото: Инстаграм/ Александар Тарабунов
Тамара дури и ги истетовира овие стихови на телото, сакајќи на сите да им покаже дека навистина жали за она што се случило.
Фото: Инстаграм/ Александар Тарабунов
Инаку, Тарабунов при крајот на минатата година ја објави песната „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует токму со Тамара Тодевска.