Астролозите тврдат дека големо влијание имаат и ѕвездите и тие издвојуваат три знаци од зодијакот кои се најлабилни.
Проверете за кои хороскопски знаци станува збор, и бидете многу внимателни со нив, бидејќи сите тие многу вешто ја кријат својата лабилност.
Риби
На хиперсензибилните Риби, често им е многу тешко да останат воздржани и стабили, а колку повеќе се воздржуваат, толку поголема штета му прават на своето психичко здравје. Луѓето родени во овој знак, обично мислат дека со нив се случуваат најлошите работи во животот, поради што со текот на годините им попуштаат нервите, па можно е одненадеж да им се случи хистеричен напад. Поради сето тоа, Рибите често страдаат и од разни фобии.
Водолија
Луѓето кои не ги познаваат баш најдобро, Водолиите често ги доживуваат како откачени и луди, додека нивните најблиски ги сметаат за исклучително силни личност. Но, вистината е некаде во средина, бидејќи луѓето родени во овој знак се во состојба да пребродат разни тешки удари во животот, додека од друга страна некои ситници можат премногу да ги изнервираат и да ги „фрлат“ во депресија.
Шкорпија
Шкорпиите со право се карактеризираат како најмрачниот хороскопски знак, бидејќи, освен што често се депресивни и фрустрирани, тие се и големи агресивци. Луѓето родени во овој знак, најчесто поминуваат низ разни животни фази, а кога ќе западнат во онаа најмрачната, склони се на агресивни испади и правење сцени. Уште една нивна изразена мана е одмаздата, поради што не сакате да се скарате со Шкорпија.