Реклама
CelebrityНовостиХоливуд

Вистинскиот настан од кој беше инспириран култниот хорор „Егзорцист“ е уште пострашен и од самиот филм

Реклама

Иако помина повеќе од 46 години откако култниот филм Егзорцист се појави во кината, се уште важи како еден од најстрашните хорори на сите времиња.

Филмот за девојчето Реган, која беше опседната од демонот, беше снимен според романот на Вилијам Питер Блати, но малкумина знаат дека овој роман е инспириран од вистински настани.

Маркетинг

Егзорцизмот кој бил инспирација за романот и филмот го опишал Даглас Локхарт во книгата „Темната страна на Бог: Потрагата по изгубеното срце на христијанството“, а за книгата наводно сведоци му биле 48 луѓе.

Во книгата се наведува дека дејството се случило во 1943 година. 12-годишното момче, кое се спомнува под псевдонимот Роланд бил опседнат од демон, и Црквата одлучила да го избрка со егзорцизам.

 

Новинарот Томас Ален, кој го документирал случајот, открил дека сето тоа започнало по смртта на тетката на Роналд  Хариет. Хариет, која инаку била спиритуалнао развиена, имала близок однос со младиот Ролан и честопати заедно играле, а меѓудругото и со „виџа“, односно повикувале духови.

По нејзината смрт, во семејниот дом, почнале да се случуваат чудни работи: мебелот се мрдал, а членовите на семејството почнале да слушаат чудни звуци ноќе и да гледаат разни предмети што лебдат во воздухот. Како што се покажа дека ова секогаш се случувало во близина на Роланд, семејството му се обратило на локалниот свештеник Лутер Милес Шулц.

Шулц бил толку фасциниран од овие настани што дури го повикал момчето во неговата куќа за да може да го набљудува она што му се случувало кога бил одвоен од неговото семејство и, наводно, биле следени невообичаени настани.

Со текот на времето, тој предложил консултација со католичкиот свештеник Едвард Хјуз, кој се обидел да го изврши првиот егзорцизам над момчето, но работите тргнале непосакуван правец. Очигледно Роналд кратко време по почетокот на ритуалот успеал некако да ја ослободи едната рака и го нападнал свештеникот.

 

Следниот свештеник кој се обиде да се справи со оваа необична ситуација беше Вилијам Боуден, кој забележал дека Роналд зборува со демонски глас и покажува страв во присуство на верски симболи. За време на неговиот егзорцизам, тие забележале на телото на момчето дека се појавиле натписи како зборовите „пекол” и „зло”, а креветот сам почнал да се тресе и да се движи низ собата.

После тоа, наводно, Роналд продолжи да живее нормален живот. Новинарот Томас Ален истакна дека нема докази дека момчето навистина било опседнато.

„Морам да истакнам дека не постои непобитен доказ дека момчето било опседнато. Мислам дека поверојатно е дека тој страдал од некаква ментална болест, последица на злоупотреба или едноставно се преправал цело време”, рече тој во интервјуто во 2013 година.

Поврзано

Back to top button