Вистинска драма во кралското семејство. Снаите се испокараа! Кејт НЕ може повеќе да го поднесува притисокот, за сé и е виновна Меган
Кејт е бесна на Меган, не може повеќе да го поднесува тоа …
Не помина ни месец дена од венчавката на Хари и Меган, а поранешната актерка можевме да ја видиме во придружба на кралицата со која заедно посетуваат бројни официјални настани, што според познатите таблоиди ја вознемирило Кејт Мидлтон. Покрај тоа на Кејт не и е сеедно и што таа добива посебен третман во кралското семејство.
„Тие скоро воопшто не разговараат. Натпреварот во популарноста предизвика големи потреси во палатата“, вели извор за британските медиуми.
Кејт како што пренесуваат медиумите е вознемирена и поради други работи во врска со неа. Нејзе едноставно не и е сеедно и поради куќата што во која ќе живеат Хари и Меган бидејќи мисли дека не е фер новопечените младенци да добијат апартман кој е далеку поголем од нивниот.
„На почетокот Кејт немаше проблем да ја учи Меган за се што знае во врска со кралскиот протокол, но поради новонастанатата ситуација, се откажа од било какво понатамошно советување на новата снаа“, вели изворот за медиумите кој е близок до кралското семејство.