Реклама
Наши ѕвезди

Вистинска домаќинка – погледнете како изгледа луксузната куќа на ПОРАНЕШНАТА сопруга на Бојко Борисов

Реклама

Таа е докторка, но и вистинска домаќинка

Бојко Борисов ги држи во тајност деталите за неговиот приватен живот, но бугарските медиуми не ретко објавуваат вести како за неговата ќерка, така и за неговата поранешна сопруга која живее во Америка. И бидејќи тој во последно време е во центарот на вниманието и во нашите медиуми, а богами и ние како држава се почесто сме им во фокусот и на нив, денес решивме да се позанимаваме малку и со неговото минато. И бидејќи сме први комшии, а тој е нивен премиер, нема да ги вадиме на виделина неговите валкани алишта, туку спротивно, во име на добрососедски односи, ќе бидеме културни. И повеќе од тоа, односно ќе зборуваме за светлата страна на овој човек кој е сериозен кандидат да заврши на темната опачина на нашата понова историја. А најверојанто, и на нивната. Но за тоа во некоја друга прилика, а денес ќе се фокусираме на неговата поранешна голема љубов. Имено малкумина знаат дека Борисов одамна се има разделено со мајката на неговата ќерка, а како таа изгледа и што прави, погледнете во продолжение.

Маркетинг

Таа неодамна на својот профил на Фејсбук го опиша својот живот во Калифорнија, каде живее веќе со години.

Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева

На својот Фејсбук профил Стела се преставува Георгиева, но во многу текстови во соседна Бугарија таа е и Костова, нејзиното моминско презиме, или Стела Георгиева Абаџиева, презимето што го доби од својот сопруг Стефан Абаџиев, со кого живее во Америка повеќе од 20 години.

Маркетинг

Тој е поранешен сопруг на банкарката Светелина Бориславова – жената со која Борисов соработуваше до 2006 година, кога победи на изборите за градоначалник во Софија, кога и се разделија патиштата.

Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева

Георгиева во Америка пристигна како докторка офталмолог каде заврши и интерна медицина.

Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева

На почетокот од пандемијата, Стела се најде во епицентарот на епидемијата со Ковид-19. Болницата во која работела со години има голем одел за инфективни болести во кои се примаат стотици инфективни пациенти. Во еден Фејсбук пост докторката Георгиева изразува стравување дека американските здравствени работници можат да се соочат со судбината на нивните италијански колеги.

Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева

Таа истражува загриженост и за своите роднини во татковина, нејзината ќерка Венета, нејзината возрасна мајка, и нејзините внуци Бојко и Иван.

Првиот внук го добил името по својот дедо, а вториот по својот татко. Таа на социјалните мрежи не ретко објавува фотографии од нејзиниот семеен дом во Калифорнија. Таа живее во мирно и зелено соседство во „Оринџ каунти“ во една од најтоплите држави во Америка каде постојано е пролет.

Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева

Нејзината куќа е на два ката и има прекрасна градина уредена со вкус на која што би можел да и позавиди и кралицата на Англија. Кај мебелот доминира дрвото, а боите што докторката ги избра за својот дом се кафеава и беж. Докторката Костова, односно Георгиева ги украси ѕидовите со предмети кои се од сентиментално значење и уметнички слики, а секој слободен агол од нејзиниот дом е украсен со цвеќиња.

Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева

Како докторка која постојано се грижи за своите пациенти, од нејзините фотографии можеме да видиме и дека е домаќинка за пример. Нејзиниот дом е украсен и сé е под конец, а нејзината омилена активност е да се шета со нејзините кученца, Ира и Бетина, кои исто така речиси секогаш ги објавува на своите фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева
Фото: Фејсбук/ Стела Георгиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button