Пејачката реши да им покаже на сите свои обожаватели каде ги поминува најмирните и најубавите моменти.
Познато е дека Лепа Брена и Боба Живојиновиќ имаат прекрасен дом на Бежаниска коса во Белград, но минатата година пејачката реши да го покаже пред камерите на ТВ Прва и да им ја отвори вратата на сите нејзини обожаватели. Во таа прилика, пејачката ја покажа на јавноста луксузната куќа до која има голем базен. Пејачката реши да им покаже на сите свои обожаватели каде ги поминува најмирните и најубавите моменти.Надворешниот ѕид е изработен од црвена тула, што е еден од поскапите материјали.
Вилата изобилува со детали во нијанси на беж и злато, мебелот е претежно меки бои, а на него може да се забележи позлата. Куќата е многу пространа и има многу природна светлина заради големите прозорци, а фановите се воодушевени од погледот. Многу потсетува на вистински холивудски резиденции.