Реклама
Интервју

Викендов сите патишта водат кон Крушево

Реклама

Интервју со Антонио Кузмановски од „When in Krusevo“

Крушево е идеално за посета во зима, но многумина велат дека исто толку е убаво да се посети ова место и во лето. Градот со најбогатата историја овој викенд е домаќин на третото по ред издание на фестивалот „When in Krusevo“. Од 21- 23 јуни многу музика, забава, спорт и култура во Крушево, а за сите детали поврзани со фестивалот разговараме со еден од организаторите, Антонио Кузмановски.

Маркетинг

Како се роди идејата за овој настан?

Иницијалната идеа за ваков фестивал беше веб платформата When in X, но веднаш штом ги запознав и останатите коорганизатори Димитар, Влатко и Петар за концептот – When in Krusevo, преку нивниот ентузијазам сфатив дека на пат сме да направиме нешто повеќе. Фестивалот прерасна во голем настан кој го промовира Крушево со својата околина, активните спортови во природа, културата во градот како и добрата забава. Заедно организиравме два летни и еден зимски настан, и еве во очекување сме да направиме уште еден незаборавен викенд покрај Крушевското езеро.

Каква беше заинтересираноста на минатогодишното издание на фестивалот?

Минатата година имавме околу 400 официјални учесници, а во градот беа присутни 3000 гости, оваа година очекуваме слична посетеност. Постетителите се најчесто од Македонија, а доаѓаат и во голем број од надвор. Целта е со тек на годините бројките да се зголемуваат.

Маркетинг

За кого е наменет фестивалот и што може публиката да очекува?

Ги покануваме сите да присуствуваат, и професионалци и рекреативци, бидејќи турите се направени за секого. Имаме мали рекреативни тури за почетници и долги тури за поактивните. И оваа година ќе има рекреација за деца, часови од извидници итн.

Може ли ваков тип на фестивал да го заживее градот Крушево?

Наше мислење е дека овие настани многу придонесуваат за промоција на градот и сите можности кои тој ги нуди, но потребно е да се прават уште многу работи за заживување на Крушево. Градот има богата историја, но тоа што е потребно е сегашност и иднина,  природните убавини, чистотата и мирот токму тие што можат да донесат посветли моменти за луѓето кои живеат во Крушево. Параглајдингот веќе оди кон светско ниво, би било добро да се поврзат уште неколку outdoor спортови кон него.

Ќе прерасне ли овој настан во традиција“?

Веќе е трето летно издание на фестивалот, а имавме и едно зимско, секако дека ќе продолжиме со итата желба и посветеност да работиме.

Информирајте се за овој настан преку Фејсбук >>

Се надеваме на проширување на тимот во организација и на повеќе поддшрка од приватниот сектор, како и институциите кои се задолжени да го промовираат и поддржуваат туризмот.

Повеќе информации тука >>

Подготви: Ивана Крстеска Јаневска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button