Реклама
Home Sweet Home

Викендичка која можете да ја подигнете на било кое место за само 8 часа – на интернет можете да ја најдете за само 6550 долари (фото)

Реклама

Оваа монтажна куќа може да се монтира на која било рамна и стабилна површина, се протега на 16 квадратни метри, а целокупната конструкција тежи 1125 кг.

Монтажа куќа Solvalla Allwood

Маркетинг

На интернет страната на Амазон навистина можете да купите од пиле млеко. Неодамна, големо внимание на потрошувачите од целиот свет предизвика монтажната куќа „Solvalla“ од компанијата „Allwood“, која целосно е изработена од висококвалитетно нордиско дрво.

Производителите имаат подготвено детални, но едноставни инструкции за монтажа па така и двајца возрасни со минимален алат можат да ја „подигнат” за само осум часа. Куќата е со безвременски дизајн и може да се постави на која било рамна и стабилна површина – од ливада до покрив од зграда, што исто така важи за голема предност.

Маркетинг

Функционира одлично во различни средини и за различни прилики – може да „глуми” куќа за гости, канцеларија, викендичка или простор за изнајмување.

Се протега на 16 квадратни метри, а целата конструкција тежи 1125 килограми.

На Амазон во моментов ја нема на залиха, но може да се купи преку веб-страницата на производителот по цена од 6550 долари или околу 350 000 денари.

.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button