Реклама
LIFESTYLEКултура[тор]

„Вие сте она што верувате дека сте“ – мисли кои ќе ја олеснат нашата болка во животот

Реклама

Писателот Пауло Коелјо е еден од најчитаните писатели на денешницата, ова се дел од цитатите што тој ги има одбрано од својата творечка дејност, дознајте на што најмногу треба да обрнете внимание во животот:

„Сè што треба да направите  е да обрнете внимание: лекциите доаѓаат кога сте подготвени  и ако можете да ги прочитате знаците. Ќе научите сè што е потребно за да го преземете следниот чекор.“

„Чекањето е болно. Заборавањето е болно. Но, незнаењето што да се прави е најлошото страдање.“

Маркетинг

„Не се препуштајте на своите стравови. Ако го направите тоа, нема да можете да комуницирате со своето срце.“

“Можам да одлучам да бидам жртва или авантурист. Тоа е изборот кој морам да го направам во животот.“

Маркетинг

„Кога некој си заминува од твојот живот, тоа се случува бидејќи некој друг треба да пристигне”.

„Можеби Бог ја создал пустината за да можат луѓето да им се насмевнуваат на урмините палми”.

„Запомни, онаму каде што ти е срцето, таму ќе го најдеш своето богатство”.

„Ништо на светот не е потполно погрешно. Дури и расипаниот часовник покажува точно време два пати дневно”.

“Обиди се да живееш. Спомените претставуваат задоволство на остарените.”

“Оној кој е способен да господари со своето срце, тој може да го освои светот.”

“Универзумот секогаш ни помага да се бориме за нашите сништа, без оглед колку глупави ни се чинат. Бидејќи тоа се наши сништа, и само ние знаеме колку скапо не чинело што сме ги сонувале.”

“Луѓето секогаш имаат услови да го направат она за што сонуваат.”

“Во животот сè си има своја цена.”

“Се љуби затоа што се љуби. Не постои причина поради која се љуби.”

“Најмрачниот миг настапува спроти самото изгрејсонце.”

“Кога пред нос имаме големи богатства,никогаш не ги забележуваме. Затоа што луѓето не веруваат во богатства.”

„Сè нешто ми вели дека ќе донесам погрешна одлука, но и тоа е дел од животот. Што сака светот од мене? Дали сака да не ризикувам и да се вратам од таму каде што дојдов, бидејќи не сум имал доволно храброст за да го прифатам животот?“

„Вистински важните средби душите ги планираат многу порано пред да се сретнат телата. Најчесто тоа се случува кога ќе достигнеме некоја граница, кога треба да умреме и емоционално повторно да се родиме“.

„Постојат моменти кога во нашиот живот се случуваат неволји и ние тука не можеме ништо. Но, тие се тука со некоја причина. Дури откако ќе ги надминеме и преболиме, сфаќаме зошто биле тука“.

„Љубовта не може да се најде на кое било друго место освен во себе. Едноставно, треба да ја разбудиме. Но, за да ја пробудиме, потребна ни е друга личност“.

„Кога сакаме некого, секогаш се трудиме да бидеме подобри од претходно. Кога ние се трудиме да бидеме подобри, сè околу нас станува подобро“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button