Вести

(ВИДЕО) ХОРОР ВО ЗАБАВЕН ПАРК: Луѓето висеа наопаку на 30 метри, се активираа пожарникари за да ги спасат

Advertisement

Пожарникари  биле ангажирани за да спасат 28 лица кои биле заглавени висејќи 30 метри наопаку за време на возењето во забавен парк во Орегон, Соединетите Aмерикански Држави.

Advertisement

Едно лице е однесено во болница како мерка на претпазливост, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи од забавниот парк Оукс во Портланд.

Сепак, рекоа дека во инцидентот нема повредени.

Advertisement

Еден господин вели дека тој и неговата сопруга, кои биле во паркот за неговиот роденден, требало да одат на возење – што работи како нишало, со способност целосно да ги превртува учесниците наопаку – кога виделе дека се заглавува. Слушнал како луѓето велат: „О Боже, тие висат наопаку“.  По ова решиле да заминат поради „страшна ситуација“.На крајот се одлучиле  за панорамското тркало и од разглас ја слушнале најавата дека паркот е затворен и дека луѓето треба да се евакуираат.

Кога возењето престанало, вработените во паркот веднаш повикале брза помош, која пристигнала околу 25 минути подоцна. Работниците за одржување потоа можеле да го вратат нишалото на позицијата за евакуација неколку минути подоцна, се вели во соопштението на паркот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button