Снимката на која е прикажана тепачката помеѓу таткото на 12-годишник и момчињата што го задеваат син му, ги вознемири жителите на австралискиот Нов Јужен Велс, јавува Унилад. Видеото на несреќниот настан стана вирално на Фејсбук.
Според полицијата, 12-годишно момче било во скејт парк кога група момчиња почнале вербално да го напаѓаат и закануваат.
Тие, наводно, го одвеле момчето надвор од паркот, а подоцна тој се вратил со еден човек кој му бил татко. Сепак, групата продолжи да му се смее на момчето, што го направило човекот нервозен па одлучил да го прекине нивното однесување употребувајќи сила. Тој се издигна од ѕидот на кој претходно седеше и ја гледаше целата сцена. Потоа реши да тргне кон едното момче, го зграпчи и го турна назад, држејќи го силно за вратот. Потоа трчајќи го фати и второто момче кое го држеше на работ на дупката во паркот која служи за вежби и на крај го турна, го крена неговиот тротинет и го фрли.
За среќа, ниту едно од момчињата не е сериозно повредено, како што може да се види и од снимката, бидејќи и двајцата во страв продолжија да се движат.
https://www.facebook.com/northcoastcrime/videos/591003281381807/
Полицијата е известена за случајот кој сите ги шокираше. Исто така, ги бараат граѓаните кои беа сведоци на настанот како би можеле да им помогнат во истрагата.