По ова видео, поверојатно е дека и Катица Јанева ќе им се придружи на осомничените.
“Рекет” ја разбранува јавноста откако се дозна дека Боки 13 и Зоки Милески Кичеец заедно со поддршка од Катица Јанева и раководството на СДСМ рекетирале познати бизнисмени. Италијанскиот весник “Ла Верита” објави видео снимка од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев:
Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат, Орце: Добро Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи. Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник, Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.
Орце: А Апелација?!Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прудужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.