Реклама
Вирално

Видеото со братчето и сестричката го расплака целиот свет, но зад ПОТРЕСНАТА ГЛЕТКА стои уште пострашна приказна

Реклама

Еве што се случува со сестричката и братчето што беа извадени од рушевините – потресна приказна што го расплака целиот свет.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Макотрпните напори во градот Идлиб кој беше погоден од земјотресот се забавени заради недостаток на машинерија и помош, па луѓето биле приморани со голи раце да ги извлекуваат своите сакани од под рушевините.

На социјалните мрежи постојано се објавуваат трогателни снимки од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, а јавноста посебно беше погодена од видеото на кое се гледа како сестрата го чува своето братче под бетонот од срушената куќа, додека не беа спасени.

Маркетинг

Братот и сестрата останаа под рушевините од својата куќа во Сирија цели 36 часа, откако земјотресот ги погодил додека спиеле.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Нив ги спасил Омар Рахал кој одвај го слушнал гласот што доаѓал од рушевините настанати од двата разорни земјотреси што претходната вечер го погодиле неговото село Харем, во провинцијата Идлиб во Сирија.

Разорниот земјотрес во ова место срамни со земја десетина згради, вклучувајќи го и станбениот блок во кој живеел неговиот роднина Мухамед заедно со сопругата и нивните седум деца, кој бил целосно срушен.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Твитер

„Извадете ме од тука“, Омар го слушнал тивкиот глас на девојчето под рушевините додека барал преживеани.

Неколку метри под рушевините, под голема бетонска плоча лежела петгодишната ќерка на Мухамед заедно со своето братче Абдулах кој има само девет месеци.

Таа цело време го тешела братчето додека покрај нив во рушевините било затрупано телото на нивната мајка Суад.

Рахал можел да ја види само нејзината рака со која што мајката се обидела да ги заштити своите деца од земјотресот.

Тој се обидел да ги ослободи, но сфатил дека не може тоа да го направи сам. Така откако ги здогледал децата заробени под рушевините го снимил и испратил видеото на своите полициски колеги барајќи помош од нив.

Видеото веднаш почна да се шири на интернетот и стана вирално, не само во Сирија туку во целиот свет.

„Мојот пријател веднаш дојде и ми помогна да го извлечеме малиот Абдулах кој за среќа имаше само неколку гребаници. Но Џихан беше проблем. Преку неа беше голема бетонска плоча, а железна шипка и беше прободена во ногата“, се сеќава Рахал во својата исповест за „Гардијан“.

Тие потоа со помош на дигалка за менување гуми на автомобил, успеале да го поместат тешкиот бетонски блок.

Но проблемот бил со шипката која била во ногата на малото девојче. Таа плачела од болка додека спасителите се обидувале да ја пресечат, а ситуацијата се искомплицирала откако местото повторно било погодено од земјотрес, така што почнало да се руши и она што останало од зградата.

Џинан ги молела спасителите да ја извадат, а времето не било на нивна страна. Заради тоа тие ќе одлучат да го извадат девојчето додека ногата се уште и била делумно прободена од железната шипка.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Таа тогаш конечно била извлечена на сигурно.

Една недела подоцна, „Гардијан“ беше да ги посети Џинан и нејзиниот помало братче во болницата. Абдулах спиел замотан во волнено ќебенце, додека девојчето лежела, се уште во болки на креветот. Како што пренесува овој медиум, раната на девојчето е критична, па ако не се поправи ситуацијата би морале да и’ ја ампутираат ногата.

Таа и нејзиното братче биле единствените од целото семејство што ја преживеале несреќата, а грижата за нив ја преземал нивниот родина.

Џинан и нејзиното братче се само едни од многуте деца што останаа без родители по разорниот земјотрес во Идлиб.

„Тоа е трагедија. Џинан знае дека останала сама со братчето. Но погледнете ги сите овие деца тука, покрај нејзиниот кревет, тоа исто така се сирачиња. Повеќето од нив се уште прашуваат каде им се родителите и кога ќе дојдат кај нив. Прво сакаме да ги излечиме, а потоа ќе бидеме приморани и да им кажеме дека нивните родители се починати“, вели докторот од болницата во која се сместени децата, пишува „Гардијан“.

Погледнете ги и останатите видеа од страшниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button