Реклама
Home Sweet Home

Ве водиме на кратка прошетка низ куќата на Орландо Блум

Реклама

Познатиот холивудски миленик Орландо Блум продава куќа во Беверли Хилс за 9 милиони долари.

Тој планираше да живее во оваа куќа пред да се вери на Денот на вљубените со Кети Пери.

Маркетинг

Сепак, пред свадбата, куќата одлучи да ја реновира и продаде.

Маркетинг

Вилата се наоѓа на булеварот „Милионер” и важи за една од најубавите! За да не бидеме потполно субјективни, ви нудиме фотографии за да се уверите самите. Голема сплана соба,  голема гарнитура во дневната соба и двор со спектакуларен базен апсолутно не освоија.

Од куќата има прекрасен поглед на океанот и ридовите во Лос Анџелес . На површина од околу 1.223 квадратни метри, куќата се состои од четири спални и четири бањи.

Куќата е од отворен тип, така што меѓу просториите има лизгачки стаклени ѕидови , со минимализам, дрвени површини и бела боја со само неколку пастелни детали.

Од трендовската дневна соба, погледот е на базен и бањата, како и отворено трпезарија и место за дружење.

Куќата е идеално место за љубителите на уметноста и модерната класична стилска архитектура.

Имено, куќата била изградена во шеесеттите години и има голема гарнитура, што е една од главните карактеристики на тоа време, само прилагодена на сегашноста.

https://www.instagram.com/p/Bv2ineDnmNt/

Главната бања се отвора со лизгање на стаклото однадвор и е идеално за уживање во бањи и сонце, опкружено со зеленило и скриени од поглед.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button