Вељко плаче од среќа, баба Цеца во шок – погледнете како изгледаше ПОРОДУВАЊЕТО на Богдана, моменти што ќе ве запрепастат
Богдана блескаше и додека се породуваше…
Познатата српска фолк-пејачка Светана Цеца Ражнатовиќ пред едно десетина дена го доби своето второ внуче откако нејзината снаа Богдана Ражнатовиќ се породи со царски рез и го роди малиот Крстан.
Породувањето го снимаше екипата на Блиц кои ги забележаа интимните моменти во салата, непосредно пред породувањето.
Камерите забележаа сé, а покрај сопругот Вељко присутна беше и неговата мајка Цеца, како и нејзината сестра Лидија.
Богдана блескаше и не ја тргаше насмевката од лицето возбудено чекајќи да го роди своето второ дете.
Таа се породи на 17 април, на вториот ден од Велигден, и тоа на роденденот на сопругот на Цеца, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Породувањето помина во најдобра ред, а малиот Крстан на овој свет дојде со царски рез во една приватна клиника.
Кога му се роди синот, Вељко не можеше да издржи, па заплака од среќа, а овој момент го забележаа камерите на Блиц.
По излегувањето од породилното гордата Мама блескаше и ги засени сите со својата прекрасна енергија со која што блескаше.
Како помина овој интимен момент за семејството Ражнатовиќ ќе можете да видите во новата епизода од серијалот „Цеца шоу“.
Во продолжение погледнете како помина и веселбата по раѓањето на малиот Крстан што Цеца ја приреди во нејзината вила.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм