Реклама
Наши ѕвезди

Вељко откри како ја прележа короната, а потоа зборуваше за бракот, но и за момчето на Цеца – одговорот ги шoкиpaше сите!

Реклама

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, открива како се чувствува откако ја прележа корона, но и како се снаоѓа како татко.

Фото: Инстаграм/ Вељко Ражнатовиќ

На прашањето од што се плашел најмногу кога му откриле дека е позитивен, Вељко беше потполно искрен.

„Доста луѓе што ги познавам прележаа вирусот корона, немав никаков страв. Се придржував до она што ми го кажаа докторите и во рок од седум дена бев негативен. Слушнав дека воведуваат нови мерки, тоа е страшно, но пострашно е да имаме заразени по улица и трагични случаи.“

Маркетинг

Што се однесува до неговата сопруга, и како се чувствува откако се оженил, тој вели:

„Најдов мир во главата откако ја најдов мојата жена, но тогаш се смирив потполно“, рече тој, а потоа се осврна и на бебето.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Сакам Жељко од мене да ги научи вистинските работи. Што значи интегритет, храброст и откажување и до каде тоа може да те донесе. Кога ќе порасне да си каже ‘Мојот татко тоа го правеше, сакам и јас така, како што и на мене за некои работи мојот татко ми беше пример“, вели Вељко.

Вељко со новинарите се сретна на Авала, каде ќе се подготвува за натпреварите кои му се закажани за август.

Фото: Инстаграм/ Вељко Ражнатовиќ

На прашањето дали и неговата мајка ќе најде момче, тој вели:

„Не знам дали мајка ми ќе најде момче. Кој може да спие покрај орел, а потоа да лета со гулаби?! Тешко е тоа! Мојот татко никој нема да може да го замени, одговори Вељко на незгодното новинарско прашање.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Тој беше искрен и за тоа како е неговата мајка како баба.

Боксерот пред новинарите изјави дека Цеца и Анастасија се натпреваруваат кој повеќе време ќе помине со бебето.

„Ќе го разгалат! Тоа ме загрижува, затоа кога ќе порасне, ќе поставам некои граници“, вели тој.

Цеца за вирусот

Инаку, и Цеца самата изјави деноввие дека одлично се снаоѓа со снаата и бебето. Таа малито жељко го гледаше секој ден дури и кога беше позитивна на корона. Тоа го правеше со видео повици, преку „Вибер“, па со помош на современата технологија и за време на изолацијата можела да му зборува и да му пее.

Цеца на прославата кога се роди бебето

По изолацијата Цеца речиси секојдневно оди во Тител, а Вељко веднаш се врати кај сопругата и бебето.

Според изворот, Богдана најверојатно уште некое време ќе остане во куќата на родителите, заедно со Вељко и бебето.

Цеца веќе е при крај со уредувањето на катот за малиот, па за едно месец дена ќе дојде и детската соба како од бајките која познатата пејачка ја подготвува, секако во договор со снаата, пишува српскиот „Cкaндaл“.

Инаку, таа деновиве даде изјава и за медиумите во која изјави дека неа и Ѓоковиќ ги лин чуваат заради короната.

„Апсурдно е луѓето да се линчуваат затоа што на нивната журка или турнир некој е заразен со корона, Никој немал лоша намера, а на крајот на краиштата секој доаѓа со своја одговорност, и на турнирот и на прославата. Но, бидејќи сега е актуелна короната, работите се поставија како јас да го увезувам вирусот од Кина, па го донесов на прославата. Тоа е страшно, а страшно е и тоа што сега му прават на Новак! Човекот доби дозвола да организира турнир. Му дозволија во Хрватска, Босна, Србија. Не можам ни јас ниту пак Новак да одлучуваме што треба, постојат експерти што донесуваат таква одлука“, вели таа за „Хит Информер“.

Таа потоа додаде дека не се чувствувала виновна ниту во еден момент. Додека важеле мерките за забрана на собири, ги почитувала, а истата вечер кога се случила забавата биле отворени и неколку ноќни клубови и сплавови.

Цеца со фризерот кој беше заразен од корона

„Потоа беше одржан и фудбалскиот натпревар помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан што значи државата врз основа на своите експерти дала дозвола да може нормално да се’ функционира“, заклучи таа во своето интервју.

Извор. Cкaндaл, Информер, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button