Реклама
Наши ѕвезди

Вељко открива каква баба е Цеца: Не можеме да ѝ го одземеме бебето од раце!

Реклама

Вељко Ражнатовиќ пред еден месец стана татко кога неговата сопруга Богдана го роди синот Жељко. Само неколку дена после гала прославата на раѓањето на Жељко, за Вељко и бабата Цеца стигнаа непријатни вести дека се заболени од коронавирус што на некое време ги одвои од новороденчето во семејството.

Како сега напредува малечкиот Жељко објаснува гордиот татко и боксер во интервју за српски Телеграф.

Маркетинг

Вељко истакна дека грижата за помладите не му е непозната, зошто пораснал во многубројно семејство, но дури кога ќе добиете свое дете сфаќате што тоа значи и претставува.

Маркетинг

– Лидија, мојата тетка има четири деца, сите се помлади од мене, посебно двајцата близнаци, така што сум запознаена за сите работи околу бебињата и што треба и како да се прави. Сите оние кои немаат деца ќе видат кога ќе имаат, дека тоа е само твое, твоја кифла… Едвај чекаш сето тоа да го правиш, не може да се споредува со ништо друго, рече тој и откри како новопечената баба Светлана Цеца Ражнатовиќ не можат да ѝ го земат бебето од раце.

– Не можеме да ѝ го грабнеме детете од раце, мајка ми многу е внесена во улогата на баба, а колку ми зборуваше дека не сака да биде баба, мислам дека не можела да добие подобар подарок, навистина потполно сум сигурен дека тоа е нејзино мислење, заклучи тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button