Вељко и Богдана живеат во луксуз, но погледнете како изгледа и РАСКОШНАТА ВИЛА што Цеца си ја купи на кредит!
Базенот е „мираз“ кој што им го подари пејачката
Цеца Ражнатовиќ вториот ден од Велигден го помина во Тител, на имотот на својот син Вељко и снаата Богдана.
Расположена и насмеана, Цеца ги изненади своите фанови со видео од дворот, а неколку детали привлекоа внимание.
Прво секако беше нејзиното издание без шминка, а потоа и сето она што се наоѓаше околу неа.
Цеца беше во едноставна бела маичка, со очила за сонце и музика што се слуша во позадината.
Како изгледа имотот на Богдана и Вељко можете да видите во продолжение. Иако многумина мислат дека живеат во луксуз и раскош, нивната куќа се уште е без фасада. Младиот пар се уше го средува имотот, и како и сите млади во регионот, проблемите ги решаваат чекор по чекор.
Од фотографиите што ги објави Цеца можеме да видиме и дека базенот се средува за новата сезона, па семејството наскоро повторно ќе ужива во него. Како што своевремено пишуваа медиумите, Цеца на Вељко и Богдана токму овој базен им го направи како подарок, па тој е своевиден мираз.
Имено, познатата пејачка како подарок по свадбата им направи базен во дворот и тоа ги мотивираше да ја средат куќата. Тоа е огромно имот и сакаат од него да направат вистински мал рак, изјави порано извор за „Информер“.
Инаку, Цеца ова лето најверојатно ќе го помине во својата луксузна вила на Кипар каде што често ги полни батериите.
Пејачката куќата ја купи на кредит, а во една пригода изјави:
„Сакав нешто егзотично, убаво и да биде на самото крајбрежје. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и јас знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав кредит, Да куќата ја купив на кредит, кој, нормално, месечно го исплаќам“, изјави Цеца своевремено во „Амиџи шоу“.
Како изгледа куќата погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин