Реклама
Наши ѕвезди

Вељко заврши во полициска станица поради тепачка, се огласи Анастасија: Еве што се случило

Реклама

Веста дека Вељко Ражнатовиќ е приведен ја објавија сите српски медиуми. Според српскиот портал српскиот „Република“ Вељко бил нападнат после расправа или кавга пред својата куќа во Тител.

Како што тврди порталот, на кавгата, а потоа и инцидентот претходела расправа меѓу група момчиња и Ражнатовиќ.

Наводно четворица момчиња во видно алкохолизирана состојба дошле пред куќата на Родиќ во Тител. Во дворот на куќата бил и Вељко, кога момчињата почнале да го опкружуваат и да му дофрлаат, а еден од нив почнал да му се внесува во лице.

Маркетинг

Вељко се обидел да го спречи инцидентот, ги замолил луѓето да не прават проблеми, зошто има бебе во куќата, но потоа дошло до тепачка, поради што Ражнатовиќ отишол и во полициска станица.

Маркетинг

Иако никој од Ражнатовиќ не се огласи да потврди или да ја демантира оваа вест, сестрата на Вељко Анастасија, на својот Инстаграм закачи стори како ужива со својата пријателка во Нови Сад, што укажува дека не дошло до толку голем и загрижувачки инцидент.

По повод инцидент и тоа што Вељко заврши во полициска станица, се огласи негоивот адвокат , Радомир Мунижаба.

– Тоа била група луѓе, момчиња од Тител. Дошле пред семејниот дом каде што живеа Вељко и Богдана, со бебето Жељко. Тие галамеле, пуштале музика од автомобилот и биле во видно алкохолизирана состојба. Вељко дошол да види што се случува, а тоа го поврдиле очевидци, ги замолил човечки да се поместат и да не прават гужва зошто на неколку метри од тука спие бебе. Во неколку наврати ги замолил да се оддалечат. Но тие тргнале кон него и почнале да го напаѓаат. „Што има ти да ни кажуваш што да правиме пред твојата капија…“ Тој е нападат пред својата куќа! Не е уапсен Вељко, не е приведен.Отиде во полициската станица не како осомничен туку за да даде изјави во својствот на граѓанин. Сакаше да го заштити мирот и спокојството на семејството- изјави неговиот адвокат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button