Реклама
Вирално

Вест на денот за сите Македонци што бараат работа во Германија

Реклама

Германскиот деловен портал „Гехалт“ ги објави податоците за највисоки и најниски плати во Германија во 2019.

Како што пренесе агенцијата „Анадолија“, највисоки плати во оваа европска земја имаат поискусните доктори, кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто. По нив се професионалните стручни лица за продажба или аквизиција со заработка од 99.635 евра, па директори на фондови со 83.640 и лекари специјалисти со 80.720 евра годишно. Меѓу најплатените се и финансиско-сметководните менаџери, како и регионалните менаџери за продажба.

Маркетинг

Од друга страна, меѓу најслабо платените се работниците во кујна, чија годишна бруто плата изнесува 21.907 евра, потоа фризерите со 23.202 евра, келнери или келнерки с0 23.620, работници во кол центри со 25.200 и рецепционери, со годишна заработка од 25.370евра.

Меѓу најслабо платените во Германија се и работниците во благајни, стоматолошки асистенти, негувателки и шофери.

Маркетинг

Според податоците на порталот Гехалт, работниците во јужна Германија примаат значително повисоки плати од остатокот од земјата, а највисоки плати во 2019 се забележани во покраината Хесе.

Минимална плата во Германија

Германија е една од земјите во Европската унија со законски пропишана минимална плата по час. Таа во моментот изнесува 9.19 евра. Најголема законски пропишана минимална плата по час има Луксембург (11.97 евра), а повеќе од Германија имаат уште четири други членки на ЕУ: Белгија, Ирска, Холандија и Франција. Најниска минимална плата по час има Бугарија (1.72 евра), а нешто повисока од неа се Летонија, Романија, Унгарија и Хрватска (не заборавајте дека и тука се работи за бруто износи, што значи нето платата е 33 % помала).

Нов закон од 8 март

Според последните проценки, во Германија во овој момент има околу 1.3 милиони непополнети работни места. Таа важи за најголема економска сила во во Европа и во неа работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји во Унијата, а голема е бројката и од земјите кои се надвор од Унијата.

Но очигледно дека тоа не е доволно, па германската влада има план да побараат работници надвор од ЕУ. „Без доволно стручни лица, ниту една економија не може да преживее“, предупредува канцеларката Ангела Меркел во видео-пораката што деновиве се најде на социјалните мрежи.

Пораката на Меркел

Таа пораката ја посвети на новиот закон што треба да се појави на почетокот од следната година.

„Ние во овој момент имаме бројни претпријатија кои се во очајна потрага за квалификувана работна сила. Ако политичарите не се погрижат доволно за стручните лица, фирмите и работодавците ќе ја напуштат Германија, а тоа не го сакаме“, вели Меркел во своето обраќање.

Меркел потсети дека во Германија пред 15 години имало околу пет милиони невработени, додека сега компаниите се соочуваат со сериозен проблем заради недостаток на квалификувана работна сила. „Мораме да вложиме дополнителни напори за да најдеме квалификувани работници. Инаку компаниите ќе мораат да заминат на друго место. Секако дека тоа не смееме да си го дозволиме“, истакна Меркел.

Новиот закон што ќе биде донесен ќе го олесни увозот на квалификуваните работници кои доаѓаат и надвор од Европската Унија, а законот треба да стапи во сила од 1 март следната, 2020 година. Главната цел на овој закон е да им се отвори патот на работниците кои се надвор од ЕУ да дојдат и да останат во Германија која има „очајни“ потреби од нив, како што вели во својата порака Меркел.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button