Вест која одекна како бомба во регионот – познат пар се разведува, веќе три месеци не живеат заедно?!
Познатата актерка и познатиот кошаркар се разведуваат
Нивниот брак траеше седум години и имаат две деца
Познатата српска актерка Јелисавета Орашанин и кошаркарот Милош Теодосиќ се разведуваат по седум години брак.
Како што пишуваат српските медиуми парот веќе три месеци живее одвоено, а барање за развод поднесе кошаркарот.
Како што објави српскиот „Курир“, Теодосиќ повеќе не можел да го толерира стилот на живот на својата сопруга и неконтролираното трошење пари, па решил да стави точка на бракот.
Фото: Инстаграм/ Јелисавета Орашанин
Потсетуваме, Јелисавета и Милош се венчаа пред седум години и од нивниот брак имаат две деца, ќерката Петра и синот Богдан.
Фото: Инстаграм/ Јелисавета Орашанин
Тие се венчаа во 2017 година, а за нивниот приватен живот и двајцата многу ретко зборуваа во јавноста.
Фото: Инстаграм/ Јелисавета Орашанин
Како што самата актерка во една пригода откри, тие се виделе вкупно 19 пати пред да влезат во брак.
Фото: Инстаграм/ Јелисавета Орашанин
„Точно 19-от пат беше на венчавката“, изјави тогаш Јелисавета признавајќи дека дури тогаш ги запознала неговите роднини.