Весни Бејби имаше причини за славење – честитки пристигаат од верните обожаватели, а овој детаљ ќе ви го стопи срцето!

Македонската актерка Весна Петрушевска сега има нова голема причина за славење, а со нејзината емотивна порака трогна многумина.

Весна Бејби со актерство апочнала да се занимава кога имала само 14 години кога го имала војот прв настап на македонскиот театар.
На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу „Пулсирање“.
Зад себе има многу театарски и филмски улоги, но како шлаг на тортата е нејзината улога на госпоѓа министерка во истоимената претстава, која е изведена над 150 пати.
Она што јавноста може да го види и на социјалните мрежи е тоа дека актерката е навистина посветена и грижлива мајка. Со огромна љубов во очите зборува за своите две деца Кирил и Мина.

Кирил и Мина ги посвои додека беше во брак со поранешниот сопруг Јанко Тренкоски.
Мина тргна по нејзините стапки глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а има у во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.
Кирил пак, се одлучи да замине од Македонија. Тој сега живее во Хјустон кај неговиот татко, каде го продолжи своето образование.

Овој момент исклучително тешко ѝ падна на Бејби, која сите емоции ги преточи во статус на Фејсбук.
„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умpeл некој, ме исплаши“, напиша Весна на својот Фејсбук профил.

За „Женски магазин“ откри дека едвај ја поднела разделбата со својот син, но дека најмногу во тоа ѝ помогнала работата.
„Среќа што работам, инаку едвај се крепам. Тешко е“, вели Весна.
Желбата на Кирил да замине во САД е од пред две години. „Последниве две години се договараме со татко му кој е таму. Одеше на два пати во Хјустон кај Јанко. И ете дојде време да замине. Сè му е јасно за состојбата со вирусот, но брои денови, овде не може да ја поднесе неправдата и системот“, вели Весна за својот син и додава дека е свесен за новиот предизвик што е пред него и не се плаши“, откри актерката.

Таа сега со своите фанови сподели дека Кирил станал полнолетен и објави фотографии од неговата роденденска забава во Америка.
„Кирил наполни 18 години. Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска. Демек сум кул и ок. Тој стана полнолетен дечко.

Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, два броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: ‘Ваш е?’. Ја погледнав со насмевка и одговорив: ‘Највеќе е мој’. Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“, напиша Бејби на „Фејсбук“.

Кирил инаку додека беше овде не сакаше никогаш да се експонира во јавност.
На манифестацијата „Златна бубамара“ тој ја придружуваше својата мајка во публика, па таа пресреќна одлучи тој момент да го овековечи со фотографија.
„Конечно сакаше да се слика со мене, син на мајка“, напиша таа во опис на фотографијата.

Инаку, пред еден месец таа исто така имаше причина за славење, а тоа беше нејзиниот роденден. Бејни наполни 51. година. Не се ни надеваше дека во ек на пандемија ќе добие неверојатно изненадување и толку многу љубов. И тоа не од било кој, туку од децата од нејзината актерска школа.

„Кога моите деца од актерската школа ќе ми честитаат еден ден порано роденден и ќе ме изненадат со маичка со ликот на Мадс (башка го номинираа за Бафта и за Оскар кај и да е) значи јас имам најдобри, најумни и најталентирани деца. Ова е група ветеран. Ве сакам најпојќе и имаме неверојатно квалитетно време поминато заедно, а пред нас е премиера,“ напиша Весна на Инстаграм тогаш.
Погледнете уште фотографии:




















