Реклама
Наши ѕвезди

Весна Џогани ја подигна маичката и се пофали со што располага – гори Инстаграм

Реклама

Пејачката Весна Џогани секој ден вежба напорно, а сега пред своите следбеници на социјалните мрежи се пофали како изгледа по силното вежбање.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

Весна ја крена маицата и ги покажа своите совршено обликувани стомачни мускули, и нема сомнение дека многу дами би сакале да изгледаат како неа.

Сопругата на Џоле Џогани ќе наполни 38 години за неколку месеци, а ние сме сигурни дека многу нејзини колешки и завидуваат, додека оние што не ја познаваат би помислиле дека таа се уште е во своите дваесетти години.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/B-U-zjYFC1X/?utm_source=ig_embed

Инаку, Анабела неодамна ја „подзакачи “ Весна, велејќи дека Џоле ја „подигнал на улица“.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

Еве што и одговори таа тогаш:

„Јас сум Весна Џогани. Ова е улица од моето детство. Јас сум родена овде. Тука пораснав. Првите концерти ги имав во задниот двор. Ова е местото каде што започна мојата кариера. Ова е местото каде што започна мојот сон. Ова е мојот мост меѓу два огна. Мост на моето детство. Игравме таму. Се шетавме. Над нас, преку овој мост, навивачите на Ѕвезда и Партизан секоја недела ќе поминеа и гласно ќе навиваа. Трамваите бучеа, а за нас децата тоа беше како да ја слушаме најубава музика на светот. Го сакавме тој шум. И сега некој ми го валка овој мост. Го валка моето детство. Погана устата го извалка чистото детско срце. Ги извалка детските соништа. Да, бев сиромашна девојка. Со големи соништа. Сиромашна девојка со голема фантазија“ – рече Весна на почетокот, по тешките зборови на Анабела што се однесуваа на неа.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

„Може ли некој да ве осуди само затоа што сте живееле под мост. Имав парче леб и парче небо. Тажна сум заради тоа. И затоа дојдов овде. Не заради мене, туку да го поддржувам девојчето во мене што плаче. Да му се извинам на мојот мост затоа што знам дека тоа го боли. Затоа што само тој знае која сум. Кои се моите соништа. И тоа дека никој не ме собрал, туку тој ми го покажа патот по кој да одам. И да бидам тоа што сум денес. Успешна, мирна жена. Со многу љубов околу мене. Со публика што навива со мене, а понекогаш и плаче. И мојот глас ги смирува. И тие не го ставаат на тест мојот мост. Тие не даваат да ми течат солзи. Ви благодарам многу предобри луѓе … Сега сум смирена затоа што ги добив сите одговори. Мојот мост. Mојата љубов. Моето детство “, додаде таа.

Како тинејџерка на Инстаграм

Од фотографиите можеме да забележиме дека сопругата на Џоле е мошне активна на социјалните мрежи. Нејзините провокативни објави предизвикуваат многу коментари, а таа често знае и да одговори на истите.

https://www.instagram.com/p/B50df7Gla8e/

 

https://www.instagram.com/p/B9XilgdFC7M/

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани
Фото: Инстаграм/ Весна Џогани
Фото: Инстаграм/ Весна Џогани
Фото: Инстаграм/ Весна Џогани
Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

 

Поврзано

Back to top button