Весна по осум машки деца ја роди Мила – пристигна принцезата, целиот Балкан воодушевен
Сопругот и братчињата се пресреќни, цело време се со неа
Весна и Слободан Милиќевиќ од Медвеџа, мало место во Србија во близина на Лесковац до скоро имаа осум синови.
Но на 12 септември тие добиј принова – ќеркичката Мила и сега на социјалните мрежи добиваат честитки од сите.
Во разговор за српскиот „Блиц“, Весна вели дека со секое бебе се чувствувале посреќно и добивале поголема желба да бидат подбри луѓе.
Фото: Фејсбук/ Весна Милиќевиќ
Синовите не можат да се одвојат од неа, секој сака да ја држи и чува. Мила ја дочекаа со воодушевување и нивната радост е неизмерна“, вели оваа супер-мама и супер-жена откако го роди своето деветто дете.
Фото: Фејсбук/ Весна Милиќевиќ
Нејзиниот сопруг Слободан кој цело време бил покрај својата сакана е пресреќен што конечно во домот имаат и девојче.
Фото: Фејсбук/ Весна Милиќевиќ
Девојчето е родено со 3500 грама и е долго 52 сантиметри.
Фото: Фејсбук/ Весна Милиќевиќ
Покрај Мила, семејството Милиќевиќ кое по потекло е од Јужна Србија, а живеат во Италија, имаат уште осум сина.
Фото: Фејсбук/ Весна Милиќевиќ
Сите нивни деца се родени во Италија – најстариот син Лука е роден 2005 година, Стефан 2006, Ѓорѓе 2008, Алекса 2010, Никола 2012, Душан 2016, петар 2018, Павле 2020, а сега, во 2023 ја добија и Мила.