Реклама
Наши ѕвезди

Весна Змијанац со години ја криела оваа тајна – во шок е и нејзината ќерка Николија. Не и се верува и вели дека е многу повредена

Реклама

Пејачката изненади многумина.

Фото: Инстаграм/ Весна Змијанац

Пејачката Весна Змијанац со децении крие дека хранела девојче напуштено од нејзините родители.

Кога оваа вест излезе во јавноста, Весна само ја потврди, а како што јавуваат српските медиуми, и Николија наводно била шокирана затоа што нејзината мајка со години го криела тоа и од неа.

Маркетинг

– Никогаш не сум разговарала на оваа тема, не сакам да кревам врева за тоа. На многумина сум помогнала, особено на деца на кои им е тешко. Да, точно е дека се приврзав со едно девојче, и ден-денес понекогаш ќе се слушнеме и поразговараме. Некои од овие деца ме заборавија, некои не. Многумина од нив сè уште ме паметат и денес, ми го честитаат роденденот, ми се јавуваат. Ете тоа е сè што можам да ви кажам и ништо повеќе“ – истакна Весна, пренесуваат српските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Весна Змијанац

Сепак, на нејзината ќерка не и беше сеедно што ова го слушнала од медиумите, а не директно од неа.

Маркетинг

„Николија е во шок. Не знаеше дека Весна треба да го посвои девојчето и дека во тајност се грижела за неа и нејзиното школување. Таа ја нападна Весна и затоа што криеше од неа цел живот дека има сестра. Се чувствува повредено што вакво нешто слушнала од медиумите наместо директно од нејзината мајка“ – откри извор близок до Николија.

Фото: Инстаграм/ Николија

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button