Реклама
Култура[тор]

„Верувам во добрината на луѓето. Знам дека така ќе ми биде подобро во животот“ – најдобрите цитати од Меша Селимовиќ

Реклама

Прочитајте како еден од најпознатите југословенски писатели, Меша Селимовиќ, ја дефинира љубовта

Мехмед Меша Селимовиќ важи за еден од најголемите југословенски писатели. Негово најпознато дело е прекрасниот роман „Дервишот и смртта“, а покрај ова генијално дело Меша се прославил и со „Тврдина“, „Остров“, „Тишина“, „Магла и месечина“ и др. Во неговите дела ќе пронајдете длабока мудрост која допира до срцето на секој човек што е роден на Балканот. Тој во нив зборува за животот, правдата и неправдата, но и за љубовта, стравот, спомените и помирувањето со нив, природата на луѓето и сè друго што видел и доживеал во својата родна Босна.

Маркетинг

Затоа од неговите познати дела издвоивме неколку одлични цитати и мисли за љубовта и животот кои можете да ги прочитате во продолжение.

„Ќе сфатиш, девојко моја… Не се старее со оној кој најмногу си го сакала и кој најмногу те сакал… Еден ден ќе ти биде јасно дека се старее со оној чие почитување кон тебе, како жена, било исто силно како и љубовта која ја чувствувал кон тебе. Оној кој те почитува не лаже, не изневерува и не те остава сама никогаш. Тој е твоја поддршка, твое рамо за плачење кога ќе дојдат тешките денови. Сите убави, згодни и млади паѓаат во сенка кога ќе го запознаеш него, просечниот со посебен карактер и големо почитување кон тебе. Почитување кое оди рака под рака со „Те сакам“. Не важат ниту убавината ниту привлечности, ниту сите останати неважни работи… единствена вистинска љубов е онаа во која почитувањето е присутно од првиот до последниот ден.“

Маркетинг

„Не. Не простувам бидејќи сум наивен, глупав или бидејќи немам гордост. Сѐ знам и сѐ гледам. Но, и понатаму верувам во доброто на луѓето. Така избрав и знам дека поради тоа животот ќе ми биде поубав и подобар. Простувам, но не заборавам. Давам по некоја шанса и себеси, но и на другите“.

„Мене за среќа ми се потребни ситници. Очи кои ме гледаат заљубено, прератка во која би сакал да ја поминам целата вечност. Да ми заигра срцето во нечија близина, стомакот да ме заболи од смеење. Ова се скапи ситници кои не можат да се купат со пари.“

„Верувај во себе. Не се откажувај и не попуштај. Цврсто држи се до своите соништа. Игнорирај ги оние кои се обидуваат да те обесхрабрат. Сакај се прво себеси, бидејќи не можеш да им помогнеш на другите ако не се сакаш себеси. Ќе биде подобро.“

„Полека умира оној кој ја уништува сопствената љубов, оној кој не прифаќа помош. Полека умира оној ко се претвора во роб на своите навики, поставувајќи си себеси секој ден исти ограничувања, оној кој не ја менува рутината, оној кој не се осмелува да облече поинаква боја.“

Па, ако и вие баравте објаснување за љубовта, веруваме дека овие неколку реченици на најдобар начин ќе ви го опишат она најскапоценото во секој човечки живот!

Поврзано

Back to top button