Вера од Канал 5 уште еднаш покажа колку е згодна – водителката со фустанчето им го украде шоуто
Водителката изгледаше неодоливо во ова издание
Оваа дама изгледа убаво во секое свое издание
Поранешната манекенка и водителка Вера Мештеровиќ вчера беше на прославата на телевизијата каде што таа по долги години успешна манекенска кариера започна да работи како водителка.
Познатата дама со својот изглед ги собра сите погледи кога се појави на забавата, и покрај тоа што избра едноставно издание.
Имено, Вера за оваа пригода избра тесен фустан во портокалова нијанса со кој во преден план ги истакна своите нозе.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фустанот е со минијатурен крој и асиметричен горниот дел, а убавата водителка го зачини со елегантни сандали и својата заводлива насмевка.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Косата и беше пуштена, а со шминката ги нагласи убавите црти на лицето и зрачеше со своето ведро расположение.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Вера својот супер модерен изглед го надополни со големи обетки и убав рачен часовник, а на снимката што ја објави на Инстаграм, покажа како изгледа одблиску од глава до пети и ги воодушеви сите.
Како Вера изгледаше во ова свое издание и зошто сите на прославата гледаа во неа, погледнете во продолжение…