Венчаницата ќе биде посебна, ваква невеста секој би посакал – МАКЕДОНСКАТА „Гранд ѕвезда“ откри детали за свадбата
„Не се мажам јас секој ден“
Нашата позата пејачка Марија Груевска наскоро ќе застане на лудиот камен и ќе блесне во својата венчаница.
Марија и нејзиниот свршеник Синиша свадбата ја закажале за месец август, а пејачката не крие дека е нестрплива и дека одвај чека да дојде овој голем ден за неа кога конечно ќе му го изговори судбоносното „да“ на својот партнер.
„Свадбата ќе биде во средината на август на отворено кај еден манастир во близина на Битола“.
„Синиша и јас очекуваме околу 600 гости, а прославата ќе трае три дена и се надевам дека се ќе биде најсвадбарски што може“, изјави неодамна Марија гордо за “Гранд.онлајн“ и додаде дека навистина ќе се потруди овие три дена да им останат во најубавите сеќавања на сите што ќе дојдат.
Повеќе од сигурни сме дека свадбата на Марија ќе биде настан што ќе привлече големо внимание како во медиумите, така и во јавноста, а нејзините фанови се нестрпливи да ја видат како невеста.
Што се однесува до венчаницата таа не сака да открива детали, иако пред извесен период позираше во една на Инстаграм. Но тогаш во прашање беше класичен модел, а многумина се убедени дека Груевска за овој ден подготвува нешто посебно со што повторно ќе привлече внимание.
Впрочем така беше и додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, каде покрај својот глас се издвојуваше од сите останати во шоуто токму со екстравагантните креации што ги носеше, па нема да се изненадите ако направи шоу во сличен стил и на денот на својата свадба.
Покрај ова, на свадбата ќе присуствуваат и многу пејачи со кои Марија се натпреваруваше во шоуто, но и десетина други со кои е во многу добро односи, кои исто така биле во „Ѕвездите на Гранд“, па покрај главниот бенд што ќе биде задолжен за веселбата, сигурно ќе има и многу други кандидати што ќе сакаат да се фатат за микрофонот. Меѓу нив секако е и Марија, која ветува забава што ќе трае три дена и ќе се памти, а за оние најхрабрите, секако следува и четврти ден, бидејќи како што самата вели, „Не се мажам јас секој ден“.
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска