Реклама
Вирално

Венеција исчезнува – метар и пол вода, а најлошото допрва следува (видео)

Реклама

Метар и пол вода во Венеција

Фото: Епа

Централниот плоштад Свети Марко во Венеција е поплавен и затворен за туристите, додека водата повторно ги преплави продавниците и хотелите во ова познато туристичко место во Италија.

Локалните власти соопштија дека плимата достигна 154 см, а градот 70 отсто е под водата.

Маркетинг

Досега најлошите поплави во овој град се забележани во 1966 година кога бранот достигна 195 сантиметри.

Фото: Епа

Според Метеоролошкиот завод на Венеција нивното на водата за викендот треба да се намали на 110-120 сантиметри.

Маркетинг

Во нормалните околности нивото на морето е од 80-90 сантиметри што генерално е многу, но под контрола.

Според временската прогноза се очекува снег во градот Белуно, на северот од регионот Венето, во подножјето на Доломитите, што би можело да се одрази негативно и на поплавата во едно од најпознатите туристички места, Венеција.

Италијанската влада прогласи вонредна состојба во Венеција и додели почетни 20 милиони евра за санирање на штетите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button