Вел од ТРИ метри, гламур и раскош: Целиот Балкан зборува за екстpaвагантната венчаница на убавата Хелена Топаловиќ
Еве колку пари издвоила за неа
Ќерката на Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топаловиќ, се омажи за Драган Гага Алексиќ, поранешниот сопруг на водителката Јелена Димитријевиќ.
Хелена своето судбоносно „да“ го изговори во преубава венчаница со длабоко деколте и големи „паф“ ракави, со вел долг до подот.
Креацијата во долниот тел е масивна и со раскошен долг шлеп, а невестата во неа зрачеше со елеганција и префинетост.
Како што пишува порталот „24седум.рс“ убавата Хелена фустанот го изнајмила од еден познат салон, а за ова задоволство морала да издвои од 400 до 500 евра.
Таа ќе го задржи фустанот до понеделник кога истиот повторно ќе им биде достапен на девојките.
Бидејќи свадбата следуваше само неколку дена по веридбата, корисниците на Твитер укажаа на тоа дека Хелена наводно побрзала да влезе во брак бидејќи е во блажена состојба, што таа самата вчера го демантираше.
„Се омажив на празен стомак. Не грижете се, душегрижници“, порача Топаловиќ.
Таа потоа се осврна и на фактот што, и покрај тоа што објави десетина фотографи, на социјалните мрежи наводно не се појави ни една фотографија со сопругот.
„Не го кријам мажот ми, туку не сакам да ја споделувам нашата приватност. Оставете ме на мира да уживам и тргнете ми се од пред зградата“, напиша таа .
Хелена собра голем број комплименти во венчаницата, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топаловиќ