Фитнес моделот Ана Стојанова плени со своето совршено тело, обликувано со мускулна маса и бујни облини.
На Ана Стојанова од Велес не и пречи што ја споредуваат со Ким Кардашијан, но таа самата не се смета дека е како неа. Имено, „Ким вложила многу пари во својот изглед, а кај мене сé е природно“, вели Ана која на својот профил на Инстаграм има преку 40 илјади следбеници.
Таа важи за една од најпопуларните и најкоментираните девојки од Македонија, а социјалните мрежи ги користи за промоција. Имено, таа е онлајн фитнес тренер – не држи приватни часови, туку креира онлајн програми за оние што имаат проблем со килограмите.
https://www.instagram.com/p/BllDRjenW8c/?utm_source=ig_embed
Инаку, таа е во сериозна врска и е вљубена во своето момче, а токму тој е и виновникот за некои од нејзините најпровокативни фотографии. Нејзиниот партнер нема проблем со голотијата што ја сервира на социјалните мрежи, максимално ја подржува и неретко токму тој стои зад објективот додека позира во секси долна облека.
https://www.instagram.com/p/BkSv1i2nw8S/?utm_source=ig_embed
„Можеби ќе ви изгледа чудно, но понекогаш, кога ќе ми паднат ричот или ќе имаме помалку импресии на Инстаграм, тој самиот ќе почне да ме советува да објавам некоја фотографија во танга, да си ја кренам популарноста“, вели Ана во нејзиното интервју со екипата од Бекстејџ.
https://www.instagram.com/p/BowzCPhnrzS/