Реклама
Наши ѕвезди

Велешанката Мими повторно растури во „Ѕвездите на Гранд“, а Карлеуша воодушевена и порача дека изгледа како холивудските диви

Реклама

Мими Јовановска од Велес на вчерашниот настап повторно брилјираше во шоуто Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Гранд

Мими иако доби еден глас помалку од Александра Дабиќ со која што настапи (5:6) , со песните „Зошто си ме мајко родила“ и „Кажвај крчмо“ ги воодушеви сите.

Саша Поповиќ пред да го даде зборот на жирито објасни како Мими на почетокот била „аутсајдер“ бидејќи ниту еден од членовите на жирито не сакал да и биде ментор и како Џенан ја воздигнал до тоа сега и публиката и жирито да се воодушевени од нејзиниот специфичен глас.

Маркетинг

„Не гласав за Мими, иако секогаш ја фалам, но во првата песна по првиот фалш ми се смрачи на лицето. Мора да научиш да забораваш и одиш понатаму“, ја посоветува Ѓорѓе, а потоа коментираше Карлеуша.

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

„Мими, твојата боја на глас на моменти ме успива. Како да слушам песни за успивање, но убаво во најубава смисла така што размисли да снимиш некој албум со песни за спиење, можеш да го позајмиш гласот во цртани филмови“, истакна Карлеуша и додаде дека изгледа како холивудска дива, а овој коментар посебно ја израдува Мими.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Инаку, велешанката и пред неколку месеци со својот генијален настап го остави без зборови жирито со интерпретацијата на два познати рефрена, меѓу кои и безвременската балада на Пепи Бафтировски, која многу години подоцна ја обработи и македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева.

Фото: Принтскрин/ Гранд

Таа тогаш ги испеа „Ако згрешам нека изгорам“ од Пепи и „Животе мој“ од Уснија Реџепова со кои освои максимум гласови и замина директно во третиот круг.

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

„Пееше како часовник, швајцарец, оној најскапиот“ и кажа тогаш Марија, а Босанац и додаде: „Не беше добро туку феноменално. Ако свилата е нешто најубаво, ти си најсвилена. Не yби со твојот свилен глас, браво душо“ и порача тогаш тој . Пресреќен беше и нејзиниот ментор Џенан, а сите беа воодушевени посебно што Мими до самата проба ја немаше слушнато втората песна, но брзо ја научи и ја репродуцираше генијално, што посебно и се допадна на Марија.

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Фото: Принтскрин/ Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button