Велевска со солзи раскажуваше за минатото – пејачката исфрлена на улица, ова беше голема траума
Македонската пејачка се расплака пред камерите кога се присети на најтешкиот период во животот
Велевска помина низ тежок период, а за тоа проговори јавно.
Пејачката на фолк – музика Елена Велевска по 10 години брак со бизнисменот Марјан Мирчески пред неколку години објави дека се разведува.
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
Разводот и целата драма која се случуваше меѓу парот беше проследена од јавноста.
Елена одлучи да не молчи и во јавност да каже сѐ низ што морала да помине, сѐ со цел да им помогне на сите кои поминуваат низ истото.
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
По разводот, старателството над трите деца кои ги има парот, му припаднаа на Марјан.
Елена кажа дека морала да трпи и психичко и физичко насилство и токму затоа дошло крај на бракот, кој во јавноста изгледаше како идиличен.
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
Тогаш се оглси во медиумите и детално објасни што доживеала.
„Јас никогаш, никого нема да исфрлам на улица, како што бев јас исфрлена во градот во кој што стекнував се и направив 12 години. Не ми е верувајте тешко да почнам од почеток, зошто најбитно ми е достоинството, луѓето кои што ме опкружуваат, кои што не гледаат од интерес на мене и кои што ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, а во иднина и да останам пример за јавна личност. Многу ми е мило што имам три паметни деца, три златни деца, кои верувајте и тоа како имаат кариера и талент на мама“, изјави пејачката за Бекстејџ.