Велевска во ова тесно фустанче изгледа како милион долари – пејачката воодушеви, раскошното деколте никого не остави рамнодушен

Никогаш не изгледала подобро…

Елена Велевска имаше настап за дочек на Стара Нова година, а нејзиниот стајлинг никого не остави рамнодушен.
Познатата македонска фолк пејачка се држи одлично и во последно време изгледа се подобро и подобро, а ова нејзини издание е само уште еден доказ за тоа.
Имено, шармантната пејачка за оваа специјална пригода избра сребрено светкаво фустанче со кое максимално ги истакна своите раскошни облини.

Во прашање е тесен модел со долги ракави и кусо здолниште, а длабокото деколте нема некој што не го забележа.

Елена целото издание го зачини со кармин во нежна розова нијанса и „голи“ високи потпетици.

Како пејачката изгледаше и зошто сите зборуваат за ова нејзино издание, погледнете од фотографиите во продолжение:

Инаку, Велевска пред само неколку дена ги изненади своите фанови со уште едно свое смело издание.



Но овој пат во прашање е црвен фустан кој исто така и стоеше феноменално, во што можете и сами да се уверите.


И овој пат следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, што очигледно и годи на познатата пејачка.



Погледнете ги и ова нејзино издание:
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
