Велат дека никој на целиот свет немал поубави деца од овие родители! Дали овие близначки навистина имаат ангелски изглед?
Леа Роуз и Ава Марија се идентични близначки и вистински ѕвезди на Инстаграм. Тие иако се мали девојчиња веќе имаат преку 700 илјади следбеници на Инстаграм, а откако нивната мајка Јаки им го отвори налогот минатата година, со рекордна брзина станаа популари, и не само што ги освојуваат срцата на публиката, туку го освоија вниманието и на скаутите.
Близначките потпишаа договор со две моделинг агенции, а зад себе веќе имаат неколку снимања за различни брендови и магазини за деца. Леи и Ави секојдневно добиваат комплименти и убави коментари, а многумина се согласуваат дека се „најубавите девојчиња на свет“.
„Им кажав на моите ќерки ако се подготвени да не се откажат од танцување и пливање, дека можат да се занимаваат и со манекенство“, напиша нивната мајка во својот блог, па продолжи: „Не бев изненадена кога почнаа да скокаат од возбуденост и одвај дочекаа да почнат. Сакаат да бидат во центарот на вниманието“
Моделингот очигледно стана семеен бизнис, па и постариот брат на близначките Ќејс Роберт исто така се испроба.
Тој има неколку илјади следбеници, но има потпишано договор со истата агенција како и сестрите.