“Велат дека нема да одиш на Острог дури Св Василиј не те повика”: Лила се помоли за здравје и порача: Тука се чувствуваш како да немаш веќе никаква мака и проблем!
Лила замина во посета на Острошкиот манастир...
Македонската водителка и една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, Лила Филиповска замина на посета на манастирот Св Василиј Острошки.
Откако претходно сподели низа фотографии од Будва и доби комплименти за својот изглед, таа денеска сподели и фотографии од посетата на манастирот.
Историja и многу легенди вткаени во овие симпатични сокачиња и ѕидини во стариот град на Будва…
-Велат дека нема да одиш на Острог дури Св Василиј не те повика ! И еве конечно, денес дојдов во еден од најпосетените манастири воопшто посветен на еден од најпочитуваните светци во христијанството за кого се верува дека е чудотворец и исцелител Св Василиј Острошки, Манастир во кој доаѓаат сите без разлика на вера и религија како и не би бил кога неговите мошти се изложени и многумина сведочат на чуда. Место со неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем.
Ви посакувам добро здравје драги пријатели, напиша Лила во описот на фотографиите.