Стил

Велат дека жени по 40. година не треба да носат скинати фармерки, но погледнете како тоа го прави Цеца

Што мислите, дали Цеца изгледа непристојно во ова издание?

Advertisement

Оваа жена без сомнение своето тело го донесе до совршенство

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време се почесто привлекува внимание со своите модни комбинации.

Advertisement

Пејачката и покрај тоа што зачекори во шестата деценија, се уште изгледа неодоливо, па каде и да се појави е во центарот на вниманието.

Впрочем така беше и на концертот на нејзината помлада колешка Александра Пријовиќ кога балканската фолк кралица со своето издание никого не остави рамнодушен.

Advertisement
Фото: Инстаграм

Цеца за оваа пригода избра полежерна комбинација – фармерки и кошула, а вниманието го украде раскопчаното деколте.

Таа целото издание го зачини со црвен кармин, а она што сите го забележаа е дека Цеца блескаше и покрај тоа што носеше фармерки кои според некои истражувања се неприкладни за повозрасни жени.

Фото: Инстаграм

Имено, на еден светски познат интернет форум неодамна се водеше расправа која облека е неприкладна за жени постари од 40 години, па така според модните стручњаци (повеќе за ова тука) меѓу парчињата кои се непримерни се наоѓаат и скинатите фармерки, кои наводно се наменети за помладите дами.

Но правилата се тука за да се кршат, посебно кога е во прашање некој застарен кодекс кој нема темели во сегашноста.

Фото: Инстаграм

Впрочем во тоа можеме да се увериме и од ова издание на Цеца, која и покрај тоа што е во шестата деценија, во ова издание не само што изгледаше прикладно, туку и никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм

Пејачката очигледно изгледот на своето тело го донела до совршенство, па сега и во едно вакво издание блеска и воодушевува.

Фото: Инстаграм

Таа на концертот на Пријовиќ беше заедно со Маја Беровиќ, а во еден момент ја фати за колковите и почнаа да танцуваат.

Фото: Инстаграм

Фармерки носеше и нејзината колешка, со маичка со реси, додека Цеца со бела кошула со која го истакна своето деколте.

Фото: Инстаграм

Но некои би кажале дека и ова е непримерно за жена во нејзини години, што секако тоа е нивно мислење и ние немаме проблем со тоа.

Сепак тоа не треба да значи дека стилот не треба да биде индивидуален и слободата некој да избере што ќе носи и како ќе изгледа не треба никој да ја оспорува, нели?

И доколку некој во нешто се чувствува ОК, тогаш и на сите останати треба да им е ОК, се додека се почитуваат некои правила.

Фото: Инстаграм

На крајот на краиштата слободата е токму тоа, и таа едноставно нема никаква врска со годините, нели?

Па, што мислите вие, дали е непристојно жени кои имаат четириесет и плус години да носат скинати фармерки?!

Фото: Инстаграм

Мислењето на оваа жена веќе го знаеме, но не интересира дали и вие се согласувате со неа или не…

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button